На 19 мај 2005 година Ханс Лотар Штепан одржа предавање во
Европската Академија во Берлин за своето
истражување на македонската историја кое што го објави во својата книга
„Македонси јазол„
Во прилог можите да го прочитате целото предавање на германскиот амбасадор Ханс
Лотар Штепан
Kнигата
за која денеска ќе зборувам се
однесува на предисторијата на Република Македонија. За оваа приказна ги
одбрав следниве периоди: од Берлинскиот конгрес 1878 се' до двете Балкански
војни 1912-1913, значи речиси до Првата светска војна. За овој временски период
со месеци барав материјали во германските архиви и за свои потреби оставав да
ми се направат копии. Кога за прв пат појдов во политичката архива за да барам
акти за Македонија, очекував да најдам мала тетратка што брои 20-30 странички,
а налетав на материјал од околу 2.000 дебели томови. Од нив 154 беа за
Македонија.
Македонското прашање уште во 19. век било од големо значење и уште тогаш било
мошне комплицирано, односно уште на почетокот на 20. век е познато како
'Македонски јазол'.
Важно е да
се напомене дека историјата на словенските Македонци започнува далеку порано од
1878 година, бидејќи постојат податоци за словенските Македонци уште од времето
на преселбата на народите. А токму тоа е приказната која вас ве интересира! Но
постојат и податоци за античките Македонци од пред Христовото раѓање. Помеѓу
античките и словенските Македонци постојат многу заеднички работи, како на
пример помеѓу денешните Бугари и Тракијците, Романците и Дакијците. Обата
народи, античките и словенските Македонци имале нерешлив проблем, фактот што
соседи им се Грците. Познато е дека постарата историја се занимава со нивното
влијание до денешен ден.
Оттука, во
поранешните извештаи се покажа од голема помош тоа што старите знаења можат
малку да се освежат и да се направи осврт на она што веќе се знае, бидејќи една
хронологија понатаму ги поедноставува историските поврзаности и осврти.
Историскиот развој го поделив во 6 фази:
ПРВА ФАЗА: МАКЕДОНСКА
ХЕГЕМОНИЈА
Секако не
морам да започнам со јонско-дорските преселби или со династиите на античките
македонски кралеви во 12. или 13. век пред Христос. И персиските војни од 500
г. пред Христос исто така нудат неколку познати имиња кои ни се познати од
времето на грчките порази кај Ефес или Милет; или пак нивната победа кај
Маратон 490 (Милитиадес против Дариус Први); или познатата морска битка кај
Саламис 480 п.н.е. помеѓу Темистоклес и Ксерис. Не треба да се изостави и
спомнувањето на бројката 480, годината кога се случил трагичниот пораз на
Леонидас кај Термопилите.
За нашата
денешна тема од многу поголемо значење е еден друг датум: познато е дека сите
народи кои не зборувале грчки, Грците ги сметале за варвари - па така и
Македонците. Затоа, како што прочитав кај професор Розен од Универзитетот во
Бон, на Македонците доцна им било дозволено учество на Олимписките игри, имено
дури во 476 година п.н.е. Исто така е познато дека денешните Грци многу
полагаат на блискоста со античките Македонци, Филип и Александар.
Оттука, се
наведува дека Грција, со стапу-вањето на Филип Втори на власт, во 360 год-ина
п.н.е., поточно во 359 година, ја зголемува зависноста од Македонија. По
поразот на Грција во 338 година п.н.е. кај Хаиронеја, Филип тоа го забележува, а
историските книги го именуваат тој период како 'Македонска Хегемонија' и
'Коринтски сојуз'.
По
изгубената грчка ослободителна војна (323-322) Атина е опседната од македонски
трупи. 150-годишнага македонска хегемонија над Грците завршува после третата
војна на Римјаните против Македонците. Тоа значи, по поразот на Македонците кај
Пидна, 168 година п.н.е, кога Македонија и Грција стануваатримски провинции.
Македонската
хегемонија преминува во римска окупација.
ВТОРА И
ТРЕТА ФАЗА: РИМСКА ОКУПАЦИЈА И СЛОВЕНСКА НАЕЗДА
Како што е
познато, Римската окупација на Балканот, на Рајна, во Галија и Северна Африка
траела се' до 400-та година п.н.е. Тогаш Римјаните морале да се повлечат во
Италија за да ја бранат својата граница која била загрозена во налетот на
Германите.
Во 5. и 6.
век, како што објаснуваат историчарите, Словените навалуваат кон југоисточна
Европа во огромен број. Тие не го запоседнуваат само Балканот, полуостровот
Пелопонез, туку доаѓаат и до Анатолија и Крит. Градовите, бреговите и островите
се исклучок. Од нив по неколку векови доаѓа до 'регрцизација' на Грција и
похристијанување на Словените.
Поголемиот
број словенски племиња ги задржале своите стари имиња и во новите населени
области, на пример Хрватите или Србите. Оние Словени (ова е сега многу важно),
кои се населиле во областите на античките Македонци и Тракијците, ги преземаат
имињата од местата во кои се населуваат.
Македонците
и денеска го носат тоа име. После 1.500 години!!!
Тракијците,
наспроти ова, исчезнале после Балканските војни.
ЧЕТВРТА
ФАЗА: АСИМИЛИРАНИТЕ БУГАРИ Г0 ЗАДРЖУВААТ ИМЕТО
Бугарите
под водство на нивниот хан Аспарух со векови лутале од Јордан до источен
Балкан. Тоа се случувало речиси 150 години (значи 5 генерации). Подоцна, кога
Словените ги стандардизираат делата од науката за историјата, велат дека
Бугарите по потекло се турско-татарско племе. Ова не треба да се меша со
Турците-Османлии, кои дури 700 години подоцна, во 14. век, и тоа од Анатолија,
значи од Југот, се поместуваат на Балканот. Значи, Бугарите биле доволно јаки да
ги истиснат Словените на источен Балкан и да им ја преземат власта. Но бидејќи
Бугарите биле малубројни, тие се асимилирани од страна на Словените.
Овие
случувања се многу стари, но се од големо значење а се однесуваат на
политичките односи помеѓу Бугарија и Македонија до денешен ден. Е, сега, тука
има една посебност, а тоа е дека Бугарите го прифатиле словенскиот јазик. Тоа и
не е толку посебно, но името Бугари си го задржуваат. Тие и новиот словенски јазик
го нарекуваат бугарски јазик. Од оваа гледна точка може да се направи паралела
со сегашноста, а тоа е дека, како што знаете, Бугарите се убедени оти
Македонците се всушност Бугари и зборуваат бугарски јазик. Би било целосно
поинаку кога Бугарите, со нив и Тракијците и запоседнатиот дел од Македонија би
зборувале турски. Но тоа не е случај веќе 1000 години.
ПЕТТА ФАЗА:
ОПСАДАТА НА ВИЕНА
Во 14. век
Османлиите за прв пат преку Дарданелите стапнале на европско тло, кај Галиполи.
Во 1354 г. започнува голема војна која ги вовлекува речиси сите балкански
народи: Бугарите, Србите, Грците, Македонците, Албанците итн. Но и народите на
Црно Море и на Кавказ. Турците го напуштаат европското тло по поразот во
морската битка кај Ел Лепанто, во 1571 година. Некои историчари мислат дека
втората опсада на Виена од 1683 година, како и македонското Карпошово востание
од 1690 година биле извонредно значајни настани, бидејќи царот Леополд од
Австрија на Македонците им испратил писмо за поддршка.
За време на
Турците, во 1762 година на Православната патријаршија во Константинопол и'
успеало да го премисли султанот и на македонската црква, која дотогаш била
самостојна, да и' го одземе автокефалниот статус. Со тоа започнала црковна
зависност на Македонија од Византија, која траела се' до 1967 година - значи
200 години, но тоа не значело и политичка зависност од Грција.
ШЕСТА ФАЗА:
ВОЈНИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОСМАНЛИИТЕ
Сто години
подоцна насекаде на Бапканот започнале војни за независност од Османлиското
царство (под влијание на Француската револуција и по примерот на
Австро-Унгарија). Пред се', во Србија (1804 и 1815), потоа во Грција, Романија,
Црна Гора итн. Најпрво им успева на Грците, во мирн-одопски услови во 1829 г.
меѓу првите да ја извојуваат својата независност. Првиот грчки крал бил
Баварецот Ото фон Вителсбах. 30 години подоцна за негов наследник на грчкиот
трон доаѓа синот на кралот Кристијан, Георг! При сите овие случувања големите
сили Англија, Франција и Русија во играта ги замешуваат своите прсти.
Вистинска
помош во оружје и војска пружаат само Русите, кои се чувствуваат
одговорни за своите православни браќа на Балканот. Последната руско-турска
војна во серијата од многуте војни против османлиското царство за ослободување
на Европа, избива во 1877 година. Војната завршува во корист на Русите и (ова е
повторно од централно значење) сите дотогашни турски колонии, освен Албанија
-имено Бугарија, Македонија и Тракија се осло-бодени. Русите се наоѓале пред
Константинопол (си ја претставуваме тогашната драматика) и пред остварување на
нивниот дамнешен сон - поседување на Златниот рог. Тука е и пристапот кон
топлата вода на Средоземното море, но тогаш Англија и Австрија притискаат со
војна и царот мора да се повлече (тој пред 20 години ја губи Кримската војна во
истата коалиција).
Во
меѓувреме, Санкт Петерсбург потпишува договор со Турците во Сан Стефано, со кој
Русите нивната вкупна освоена територија, заедно со Македонија и Тракија, ќе им
ја дадат на Бугарите. Меѓутоа Англија претходно има склучено договор со Русија
дека нема да има голема држава на Балканот, по што доаѓа до спротивставени
ставови околу договорот за слобода според Кримската војна. Англија под никакви услови
не се согласува Русите преку Бугарија да стигнат до Средоземното море. Тие
преку Ст. Петерсбург принудуваат учество на конференција на тогашните 6
европски големи сили. Оваа конференција се одржала во Берлин. Оттука, Берлински
конгрес.
На овој
конгрес се поништува договорот од Сан Стефано. Поради тоа, ова случување е од голем интерес: потпишувањето на договорот од Сан
Стефано се случува на 3 март 1878. Истиот ден, во 1988 година Бугарија го
прогласува за национален празник. Посматрајќи го фактот дека Бугарија во 20.
век учествува во 4 војни, овој чин може да се толкува и како обид за ревизија
на историјата. Да се надеваме дека ЕУ и НАТО при нивните преговори со Бугарија
ќе се осврнат на значењето на овој датум. Во обединета Европа времето на
ваквите агресивни гестови треба да е минато.
Следува
наводниот почеток на македонскиот проблем кој е од решавачко значење за
понатамошниот развој на Балканот - дека под притисок од Англија, провинциите
Македонија и Тракија ќе и' бидат повторно вратени на Турција. Со тоа ќе им се
врател статусот на колонии и понатаму би биле третирани како целна мета на
империјалистичката експанзивна политика на соседните држави. Тука и започнува
моето истражување. Валканските држави Србија, Бугарија, Грција и
Црна Гора, како што може да се прочита во секоја историска книга, се обидувале
со години, односно со векови да се здружат во сојуз, за да ги освојат
териториите на Македонија и Тракија. Но тоа не било така едноставно, не особено
затоа што не можеле да ја победат меѓусебната недоверба. Освен тоа, тие
постојано биле во страв дека Турција повторно може да ги нападне и повторно да
ги стави под турски јарем. Исто така и Австро-Унгарија била балканска опасност
која и покрај нејзината експлозивна мешавина на народите, тежнеела кон нови освојувања
на територии на Бапканот.
Ова нејзино
настојување ја наведува на неочекуван акт на агресија врз Босна и Херцеговина!
(Нема да претераме ако кажеме дека сите ние, ако се има предвид Сараево 1914
година и ден денеска треба да ги сносиме последиците на ова империјалистичко
дело). И покрај недоволните претпоставки, сепак во 1912 година се склучува
Бапканскиот сојуз, а потоа избива и Првата светска војна.
Тука веќе
се чувствува судир на чудење и колебање. Врз која основа четирите држави (по 35
години запудни обиди) токму тогаш успеваат да се обединат? Како можеле четирите
балкански кралства во 1912 година да ризикуваат и да се доведат во ситуација
поради Македонија да бидат нападнати од Османлиското царство, дотолку повеќе
што самите со свој труд и мака го отфрлиле долговековното ропство од страна на
турскиот колонијапизам, а притоа останале целосно осиромашени и слабо
вооружени? Зошто големите сили, поточно членките на Антантата (од 1904 година)
Англија и Франција, плус Русија (од 1907) го даваат своето одобру-вање за војна
на балканските држави против Османлиското царство? Бидејќи без ова одобрување
овие држави не би имапе шанса да започнат војна. И конечно, сите балкански
држави зависат од големите сили, зашто тие им овозможуваат независност, тие случуваат за нивните граници и им ги
наметнуваат европските владетели како водачи на државите. Случувањата не
оставаат место за било какво двоумење! Од документите произлегува дека помеѓу
Антантата и балканските држави постои договор.
Пристапувањето
на балканските држави
кон Антантата (што подоцна и се случи) значеше затворање на воениот прстен
околу Германија и Австрија на југот, бидејќи Антантата веќе имаше направено
договор на Запад, Исток и Север.
Сепак,
Антантата имала свој однос кон балканските држави при освојувањето територии на
Македонија. Ветувањето на Антантата било договорено како тајна конвенција
помеѓу Русија, од една страна и Србија и Бугарија од друга страна. Како што
подоцна произлезе, оваа спогодба била потпишана уште во 1911 година. Се работело,
значи, за навистина долго плани-рање и заговор против Германија. Првата светска
војна започнала дури во 1915 година. Дури сега, кога се работи за заштита на
оваа конвенција, балканските држави чувствуваат дека се во состојба да склучат
Балкански сојуз (за да ја надминат меѓусебната недоверба) и да отпочнат војна
против Турција без да се плашат дека ќе бидат нападнати од страна на Австрија.
Целта била, како што е наведено, да се освои туѓа територија, а за таа
територија (од Берлинскиот конгрес т 1878) доагаат предвид последните турски провинции на европското
копно. Како мамка, а истовремено цена и жртва за остварување на целта за
заокружување на Антантата, се појавуваат Македонија и Тракија. Бапканските
држави и' служат на Антантата како инструмент за комплетирање на опколувањето
на Германија и Австрија во претстоечката војна во 1914.
При
подготвувањето на овој план впечатлива била познатата средба на англискиот крал
Едвард Седми со царот Николај Втори во Ревал, во јуни 1908 година. На оваа
средба многу внимание им се посветува на информациите за Македонија и обилно се
зборува на таа тема. Морало внимателно да се слуша, бидејќи мирисало на
заговор, заведување, зашто и покрај сите симпатии кон Македонија, таа тогаш
немала толку големо значење за рускиот цар и англискиот крап заедно да
одржуваат билатерална средба. Се случуваат многу повеќе сомнителни моменти
отколку што печатот можел воопшто да објави или да демантира. Оттука и не не
чуди што принцот Вилхелм Втори и неговиот рајхсканцелар фон Билов, во јавноста
говореле за нивниот страв доколку дојде до опкружување преку Антантата. Секој
кој се занимава со Првата светска војна и нејзината предисторија има прочитано
дека во негово време ова било предмет на општо говорење. Меѓу другото, на т.н.
семејна средба во Ревал учествувала и сопругата на грчкиот крал, грофицата
Олга. Овој зачудувачки податок ми дава за право да помислам дека кралот Георг
во времето на неговото владеење од 1863 па се' до 1912 година неуморно молел
кај своите роднини на европските дворови за поддршка при зачувувањето на
територијата на малата Грција, и затоа никогаш не дошле во прашање други
територии, освен последните турски колонии на европско тло. Врз основа на
актите може да се види кои семејни односи и врски кралот Георг ги користел за подготовка
на антимакедонско расположение.
Што се
однесува до династичките односи помеѓу грчките кралства и европските монархии,
тука морам да се навратам и на трагичната поделба на Германското царство за да
можам да зборувам за македонското прашање. Тоа не се разликува од индиректните,
досега непознати заплети во балканските афери (за кои веќе зборував), бидејќи
Антантата ги користи Македонија
и Тракија како цена за нејзиниот план за опколување на Германија. Во основа не
требало балканските држави да ја отпочнат војната против Османлиското царство и
покрај гаранцијата од Русија, т.е и покрај тајната конвенција, бидејќи
германскиот цар Вилхелм Втори под нормални услови никогаш не би го допуштил
тоа, бапканските кралства од чист бес (тука и се работи за бес) да го нападнат
Султанот. Но се случило нешто на романтичен план, кое на целосно банален начин
ги исфрлило од колосек. Саканата сестра на Вилхелм, Софија, се омажила со
грчкиот крал Константин. Во текот на 25 годишниот брак, од неговото склучување
во 1888 и првата Балканска војна во 1912 г., на обајцата очигледно им успеало
да го убедат Вилхелм да ги реевропеизира христијанските провинции на европскиот
континент. Во секој случај, кралот Вилхелм Втори од чисто приватни мотиви, за
доброто на Грција и против Султанот - се одлучува против Македонија. Со тоа,
одговорот на прашањето зошто малите балкански држави го презеле ризикот да му
објават војна на Османлиското царство во 1912 година, станува комплетен.
Ако се фрли
само еден поглед на картата по бапканските војни, може многу јасно и прецизно
да се процени, кои македонски области соседните држави ги освоиле како
победници. Бугарија освоила само 10 отсто од територијата на Македонија -
Пиринска Македонија, и тоа за време на Втората балканска војна. Грција си го зела
јужниот дел од Македонија (Егејска Македонија) со отприлика 50 отсто од
територијата на Македонија и Србија го добила Вардарскиот дел од Македонија
(38%). Во југозападниот дел се препознава дека и Албанија зела еден мал дел од
Македонија и тоа делови од Охридското и Преспанското езеро, иако не учествувала
во Балканските војни!? Збирот од овие четири дела по некоја логика ја дава
целата територија на Македонија.
Една
додатна забелешка за Србија: српскиот дел од Македонија од 1912 година е
идентичен со границите на Република Македонија од времето на југословенската
федерација. Со основањето на Југославија во 1944 година Тито на Македонците им
дава статус на република (држава). Границите на таа држава се идентични со
границите на денешна независна Македонија од 1991 година. Поради тоа, се' до
падот на Милошевиќ, Македонците живееја во страв дека Србија може нивните трупи
да ги испрати повторно назад во Македонија. Од тука следува дека Србија е
единствената балканска држава која со империјалистичкиот јазик од 19 век - го
изгуби пленот од Балканските војни од 1912/1913 година. Парискиот мировен
договор по Првата светска војна го потврдува поместувањето на границите. И
покрај тоа, по македонската независност во 1991 година, секогаш кога во Грција
се покажува картата на целата територија на Македонија, се прави спектакл.
Со тоа
станува видлив еден дел од денешните проблеми: Грците не сакаат да се
присетуваат на минатото. Тие, како и другите соседи, заробиле голем дел од
македонската територија во 1912/13 и тоа под срамен изговор дека сакале
ортодоксните христијани да ги ослободат од исламските окови. Наспроти ова,
Македонците од страна на Грција, Србија и Бугарија доживуваат полошо ропство од
турското. Зборот 'полошо' во контекст на ропството на Македонија, го употребив
во смисла на тоа за да објаснам зошто европскиот јарем од страна на
христијанско-православните соседни држави бил пототалитарен - полош во смисла
на егзис-тенцијалното негирање - полош од азијатскиот. Од овие размислувања прозлегува и
образложението за тврдокорниот став на Грција против легапното име на
Македонија.Не е ни чудно што тогашните освојувачи на територии под маската на
молчење воопшто не сакале да мислат за овој напад врз правата на народот. Атина
најрадо би ја избришала Македонија од картата (барем нејзиното име) за да ја
задржи фикцијата за името како и фикцијата дека античките Македонци секогаш
биле Грци.
Прашањето
за името стои во центарот на денешната критична надворешно - политичка положба
на Македонија. Во 1992 година Атина и' го дава провизорното име ФИРОМ на
Македонија во Европската унија и во ОН, бидејќи тогаш на земјите членки не им
беше јасно и немаа точни познавања за историјата на Македонија. Грчкиот
аргумент бил дека Тито и го дап името Македонија на делот од фед-ерацијата Југославија
составена од 6 републики. Денеска расправата стигна до оваа точка: Грција е
наводно спремна, името Македонија да го прифати, но со додавање на додавката
Скопје и сето тоа да биде со кирилични букви. Како дошло до тоа - Франција, па
и Германија, солидарно да ја поддржуваат Грција, а тоа се случува и понатаму, и
покрај тоа што половина-та од земјите членки на ОН, а пред се' трите големи
светски сили Русија, Кина и од неодамна САД, ја прифатија Македонија под
уставното име!? Одговорот е мизерен, иако во науката за историјата најавата за
тоа постои речиси 85 години, уште пред Првата светска војна. Така, во мојата
книга сум запишал дека поради пресвртот во 1990 година, според меѓународната
поставеност на работите, и другите членки на некогашната Антанта требаше да го
прифатат и македонското уставно име, како што тоа го направи поранешната членка
на Антантата -Русија. Но тоа не го сторија. Повеќе изгледаше дека се подготвени
нивното гледиште да го насочат кон она на Грција и тоа за една тотално
неприфатлива игра на Грција. Ако може да се тргне од тоа дека ним не им
претставува посебно задоволство да го поддржат ставот на Атина, тогаш останува
заклучокот дека овие земји морале да најдат сопствени цврсти интереси кои ги
вметнале во игра.
Кога на
пример сега Англија и Франција се дистанцираат од кршењето на правата на
народот, од анексијата врз Македонија и Тракија преку Грција, којаја
поддржуваат од 1912 година, и по Првата светска Војна со париските договори од
1919/20 ги имаат санкционирано овие состојби, тогаш јавноста може евентуапно да
го постави прашањето: зошто Антантата во нејзино време ги подцржувала Грција,
Бугарија, Србија при кршењето на правата на еден народ? Тогаш можеби ќе
произлезе дека политиката на Антантата имала за цел на маргините, преку Балканскиот
сојуз, не само да поведе голема војна против Германското царство, туку и да ја
инсценира. Така Германците, а посебно Крапот Вилхелм Втори би се претставил
како иницијатор на Првата светска војна и би бил виновен за се'. Така можеби би
било возможно да се прикаже сопствената чесност и праведност. Врз основа на
овие мрачни изгледи, во Лондон и Париз сметаат дека треба повторно да ја
задржат старата империјалистичка традиција. Бизарните каприци на Грците
понатаму да ги поддржуваат и на македонскиот народ и понатаму да му советуваат
и да му држат лекции! Е ова е состојбата во која ние денес се наоѓаме!