Wednesday, July 13, 2011

Македонци во Историја на Црна Гора.

[IMG]


Македонци во Историја на Црна Гора.
10. март
1754. годинa,
Москвa

The Handy History answre book - Rebecca Nelson

Еве еден јасен и концизен прирачник за домашна употреба или т.н. "референтна книга" што ја третира и сублимира целокупната светска историја наменета за американскиот пазар, како и за целиот свет што знае да чита англиски јазик.

Корица и насловна страна:

[IMG]
[IMG]

На страна 76, малку предходно а и во продолжение се третираат древните Грци и Римјани, и тука мошне концизно и точно авторката ги сублимирала настаните:
[IMG]

Превод на потцртаното:
"Додека грчките градови-држави беа во период на опаѓање, растеше моќта на МАКЕДОНИЈА, северниот сосед на Грција. Во 353 год. п.н.е. МАКЕДОНСКИОТ крал Филип Втори (382-336 п.н.е.) отпочна напад врз Грција."

Продолжение на страна 77:
[IMG]

Превод на потцртаното:
"Војната што резултираше не се заврши до 338 год. п.н.е. (2 Август-ИЛИНДЕН кај Херонеја) кога Грција беше конечно покорена. Македонската победа беше само првиот дел од планот на Филип, тој верувал дека комбинирана Македонско-Грчка војска би можела да ги порази моќните Персијци (Ова е мислење на еден дел од светските историчари што ја третираат оваа тематика, ама е недокажана претпоставка, и на нејзе и се спротивставени уште неколку од кои едната е во директна спротивност и вели дека всушност Филип Втори воопшто не сакал да се вмешува во расправиите и глупостите на грчките градови-државички туку со дипломатска активност и закани сакал да ги подјарми, а само со Персија да влегува во војна, ама за ова друг пат). Но тој не доживеа да го види ова да се оствари, Филип беше убиен од МАКЕДОНЕЦ во 336 год. п.н.е. и беше наследен од неговиот 20-годишен син Александар, кого историјата ќе го запамети како "Големиот". Александар го спроведе планот на својот татко за инвазија на Персија. Две години по смртта на Филип, Александар отпочна 10-годишна кампања што заврши со освојување на Персиската Империја. Кога достигна до 30-годишна возраст Александар веќе го имаше покорено најголемиот дел од познатиот свет, проширувајќи ја својата империја од Египет до Индија.

Како РИМ успеа да ја покори ГРЦИЈА?

Откако Александар Големиот почина во 323 год. п.н.е. неговите генерали ја поделија неговата империја во држави-наследнички, но Грција остана под МАКЕДОНСКА контрола. Иако Грците се бореа против војските на МАКЕДОНСКИТЕ кралеви постојано до 200-тата год. п.н.е., не успејаа да извојуваат независност, туку згора и сојузи од грчки градови-држави се бореа и меѓусебно."

Страна 78 со приказ на Александар и Македонците во Египет:
[IMG]

Страна 79:
[IMG]

Превод на потцртаното:
"Кога Рим ја покори МАКЕДОНИЈА во 197 год. п.н.е., Грција беше ослободена (од Македонско ропство). Педесет години подоцна, во 146 год. п.н.е., Грција беше пок-"

Страна 80:
[IMG]

Превод на потцртаното:
"-орена од Рим и беше поделена во провинции.
.....

Кон крајот на Пунските Војни, во 146 год. п.н.е., Грција, МАКЕДОНИЈА, и Медитеранскиот брег на Шпанија и Африка беа ставени под Римска контрола."

Страна 189, во која се објаснува за историјата на Израел и Палестина:
[IMG]

Превод на потцртаното:
"Целиот регион на Палестина, вклучувајќи го и поранешното кралство Израел, подоцна падна под превласт на разни империи. Палестина го искуси владеењето на Асирците, Калдејците, Персијците, МАКЕДОНЦИТЕ под водство на Александар Големиот, и Римјаните (областа беше римска провинција со име Сирија во времето на Исус)."