Saturday, January 8, 2011
Гемиџијата Марко Бошнаков
Гемиџијата Марко Бошнаков е роден во 1878 година во Охрид. Станува член на кругот на "Гемиџиите", додека учи во Солунската бугарска машка гимназија, и учествува во солунските атентати во 1903 година. Тој изнајмува дуќан спротив Отоманската банка, од каде е прокопан тунелот до основите на банката, која подоцна била разурната.Уапсен е и е предаден на специјален воен суд, заедно со Павел Шатев, Ѓорѓи Богданов и Милан Арсов. Првично се осудени на смрт, а потоа казната им е заменета со доживотен затвор.Марко Бошнаков умира на 14 февруари 1908 година во Мурзук, кој се наоѓа во либиската провинција Фезан.
Македонската јавност благодарение на познатиот историчар Никола Целаковски може подетално да се запознае со животот и делото на гемиџијата .Имено авторот во својата книга „Гемиџијата Марко Бошнаков„ преку фондот „Борис Бошнаков„ ни презентира 38 извештаи на А.Шопов тогашен бугарски трговски агент во кој детално се зборува за случувањата за време на солунските атентати ,потоа 8 писма и една фотографија.
Во еден од извештаите под број 312 од 22 април 1903 година меѓу другото се вели:
„...Еден млад човек по име Јордан,заседнал во едно италијанско семејство каде што често час се прикажувал за Србин час за Бугарин.тој игра важна улога во динамитските подготовки....Овие анархистички активности и динамитски акции се против интересите на македонската кауза.„
Веста за смрта на Марко Бошнаков е забелажана и во некрологот кој го издава „Охридското друштво за помош„,во кое се вели:
„На 14 фебруари т.г. во турските затвори во Триполи - Африка -,далеку од Татковината,роднините и пријателите ,склопил очи уште еден херој за македонската слобода,уште една скапа жртва од онаа редица борци,едни од кои ги оставија своите коски по македонските гори со пушка во раце,а други во влажните турски зандани по разни краишта на империјата„
Оваа фотографија е доста интересна затоа што освен што се јавува за прв пат таа има една информација која е различна од официјалната дата на смрта на Марко Бошнаков,имено авторот на сликата како дата заведува 14 фебруари 1907 година што остава простор за понатамошна анализа на историчарите.
Во 1994 година во негова чест во Охрид беше откриена спомен плочата во неговата родна куќа,но останува една дамка во грижата кон посмртниот остаток кој Павел Шатев го донесол како аманет на Бошнаков.
„Ако телото ми се тркала, немојте да дозволите тоа да се случи и со главата“.
Остатоците, т.е. главата на Марко Бошнаков била сместена во украсно дрвено ковчеже и била погребена на гробиштата во црквата ‘Св. Богородица Перивлепта‘. Но помеѓу двете светски војни, поради отстранување на влага во црквата, извршено е отстранување на земја од северната, од источната и од западната страна, при што било извршено и отстранување на гробовите што се наоѓале на овој простор. Посмртните остатоци од сите гробови, меѓу кои и остатоците од Марко Бошнаков, биле пренесени во црквата ‘Св. Константин и Елена‘, која потоа станала еден вид костурница. Во периодот околу 1960 година сите остатоци биле погребени во источното двориште на црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид. Од негрижа, оваа заедничка гробница нема обележје, како да не постои“.Во црквата денес нема никој, а таа стои заклучена. Се наоѓа на педесетина метри од црквата „Св. Богородица Перивлепта“, под патчето што води до училиштето „Св. Климент Охридски“. Во дворот на црквата, токму на нејзината источна страна, има една надгробна плоча на која некогаш било напишано име, ама сега не се распознава. Под нозете, во обраснатата со трева земја се наоѓаат коските на сите починати од гробиштата на „Св. Богородица“ чиј мир бил нарушен меѓу двете војни. Меѓу нив би требало да е и главата на Бошнаков.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
http://www.facebook.com/album.php?aid=32684&id=167689016604651
ReplyDeleteНекрологът е написан на български език.Не го превеждайте!
ReplyDeleteМир на праха на героя!
Маринов.
Уште подобро ако знаеш да читаш бугарски,види што пиши на самиот текст.
ReplyDeleteможност за контакт
ReplyDeleteпрекрасни документи човек не може да остане рамнодушен познавајки го нивното значење а и желбата да се дознае повеке се надевам дека ова нема да сопре и ако е можно како да се добие достап до документите се разбира во електронска форма. однапред ви благодарам.
ReplyDeleteNekrologo samo dokazva oti vo tova vreme se ushte nemalo Mk jazik i azbuka,pa da ne zborime za nekakov Mk etnos ...
ReplyDeletehttp://macedoniandocuments.blogspot.com/2009/02/goce-delchev.html
Некрологот е доказ дека Македонците од секогаш биле различен етнос од неговите соседи.А тоа дека јазикот и азбуката не постоеле,е само една лага на твоите претпоставени.
ReplyDeleteА твојот линк е уште еден доказ како тоа некој во минатото ,како и денес се обидува да го оспори македонскиот етнос.
Етносот нема никаква врска со постоењето на стандардизиран јазик и употребата на конкретна азбука. Користењето на латински јазик и азбука во Франција и Шпанија не значи дека не постои Француска и Шпанска нација и дека тие се Латини (Римјани)... Такви глупости може да изнапише само некој празноглав татарски или гркоиден провокатор, како овој преку еден коменатр погоре. Досадни сте како коњски муви.
ReplyDelete