Овие икони спаѓаат во редот меѓу најавтентичните и најоригинални откритија на почвата на Македонија.
Теракотни плочи, често нарекувани икони според содржината на претставите, и според многу работи се исклучителни. Рустикални во својата изведба, концизни во своите прикази, тие претставуваат сублимирани пораки за најраните христијански догми, изведени на уникатен начин кој досега не е виден на други слични релјефи. Автентичноста на овие археолошки откритија се состои и од фактот што виничките релјефи претставуваат едиствена целина од ранохристијанскиот период во Македонија, која во себе вклучува антропоморфни прикази
Сите претстави на теракотните икони се придружени со латински натписи изведени во длабок рељеф, кој ги опишуваат сцените или ликот, при што во нив е вградена концизна теолошка порака. Најчести теми се од Стариот и Новиот Завет, групирани во 4 групи: Старозаветни сцени, илустрирани псалми, Христолошки претстави и претстави на ликови на христијански светители. Како на пример: "Јошуа и Калеб", "Даниел меѓу лавовите", "Константинов крст", "Св. Архангел Михаил и други
Колекцијата ја сочинуваат 50-тина икони, при што 20-тина се откриени цели, а останатите во фрагменти.
Овие икони имаат и свој Музеј во градот Виница каде што, покрај нив, изложени се и други артефакти пронајдени на локалитетот Виничко кале.
Икона со Ѓорѓи и Христофор
димензии 27х30х4,5 см
Латински текст:
+ DNS OS VIRTUTUMEXAUDI NOS + XPOFORUS GEORGIUS
Исус Христос Господ устата која не учи за доблестите помилуј не
Пророкот Данило(Danilo)
Икона со Данило во лавовска пештера
димензии на иконата 29х31х4 см
Латинскиот текст:
SCS DANAIL + AD DOMINO CL SUI SHOM PA CICUMYUR
+ e Исус
преводот е:
Свети Данило + преживеаа во лавовска пештера со подигнати раце благодарение на вербата и со помош на Господ тие се питоми
Оваа е ликовна реконструкција на стариот завет од книгата на пророкот Данило 6(16-23)
нејзините димензии се 32х20х4,5 см
Латинскиот назив на крстот е
CRUX CRISTI VINCE ET VINCERE PRESTA OMNIBUS SPERANTIBUS IN TE
Преводот е :
Крстот на смрта Исусова се обврзува и гарантира победа на секој кој ќе се одгледа на тебе
Станува збор за откривањето на една од најстарите досега познати теракотни икони посветена на првоповиканиот апостол Андреј, родениот брат на св. Петар, преку која јасно сознаваме какви биле најстарите корени на христијанството и какви уметнички дела биле создавани во најраниот христијански период на тлото на Македонија, односно кон крајот на третиот и во почетокот на четвртиот век.
При археолошките ископувања на Виничкото Кале, коешто се наоѓа во непосредна близинана градот виница во Источна Македонија, во 2000-2002 година, во блокот 9, на длабочина од 100-120 см, откривме три фрагменти од теракотна икона. По чистењето се покажа, дека припаѓаат на една икона, бидејќи идеално се вклопуваат, оформувајќи целина на плоча со димензии: 32 х 32 х 5 см.
Веднаш треба да се каже дека новооткриената икона (која за првпат се публикува во овој напис, во најкуса можна форма), споредена со теракотните икони порано откриени на Виничкото Кале (1985-2000) се разликува по неколку свои карактеристики. Прво, основното тело (плочата) било оформено во калап, за да се добијат бараните димензии и облик, меѓутоа, релјефот со иконографската тема бил добиен со притисок на четири различни уметнички изработени матрици. Со притисок на двете поголеми, еднакви по димензии матрици, во меката глина, бил добиен облик на буквата икс° (Х), односно т.н. Адријанов крст (Цруџ декусата), а потоа, од едната и другата страна на крстот, биле втиснати помалите по димензии матрици.
Отпрвин била притисната, прилично длабоко, матрицата на која се наоѓаат релјефните претстави на два морски рака, две риби, една морска школка и една плочкаста - елипсоводна претстава. Раковите и рибите се групирани во парови од по еден рак и една риба, со главите свртени кон средишното поле, кадешто е претставена школката којашто ги раздвојува.
Потоа била втисната втората матрица, значително поплитко. Со неа отпрвин бил втиснат едниот крак на крстот а потоа, со поместување на матрицата, бил оформен и вториот крак на крстот. Гледана во целина, втората матрица ги содржи следните претстави - симболи: паун, свртен во десно, над него риба, свртена со грб кон паунот. Пред рибата, односно зад паунот, како средишен мотив е претставено јагне. По јагнето следува претстава на пес со подигната глава свртена наназад. До песот се наоѓа морска школка (морската школка по својот облик е иста како таа на првата матрица). Откако била втисната и втората матрица, со која бил оформен Андријановиот крст, од двете страни на крстот, со помали матрици, биле втиснати претставите на една риба и една школка со сосема поинаков облик од претходните школки.

No comments:
Post a Comment