Monday, March 5, 2012

Русалии


Според фолклористите, русалиите биле воена единица или гарда, која била испратена во Ерусалим на аџилак уште во паганско време, но со многу елементи од христијанството, преку симболиката прикажана во вкрстување на калечките (сабјите), начинот на облекување на двете црвени шамии и шарата на калчуните (чорапите). Специфичноста во играта и орото на русалиите е тоа што настапуваат со сабји, а единствено балтаџијата во десната рака носи балтија (секира). Русалиските дружини или чети бројат десет, дваесет или триесет двојки. Се движат по двајца, а се како едно тело, две нозе, две раце. Хиерархијата и дисциплината се на највисоко ниво. Мисијата на русалиите е со своите чети да одат по населените места, од куќа во куќа и да ги бркаат злите сили.

Русалиска дружина од село Турново 1932 година


Русалиска дружина од село Турново 1932 година


Русалиска дружина од село Секерник 1929  година


                                       Русалиска дружина од село Секерник 1929  година

Русалиска дружина од 1929  година

                 Русалиска дружина од село Сушица  снимена на 13 01 1934 во Струмица. Фото Милан Аптекарот.

                         Русалиска дружина од село Иловица  во Малешево во 1930  година

 Русалиска дружина од Струмица снимена во 1930  година во дворот на католичката црква.

                                                                    Балтаџијата






 
                                            Русалиска дружина од село Секерник

                                              Русалиска дружина од село Секерник

                                              Русалиска дружина од село Секерник

                                           Русалиска дружина од село Секерник
Од книгата на Киро Козаров - „Русалии„

No comments:

Post a Comment