Monday, February 21, 2011

Евреите во Битола


Сведоштво на македонска Еврејка Жамила Колономос пред американските читатели низ книгата „Монастир без Евреи“ што неодамна беше објавена во Њујорк

Мемоарите на Жамила Ангела Колономос „Монастир без Евреи: сеќавања на партизанката - Еврејка од Македонија“ неодамна е објавена во Соединетите Американски Држави од Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура во Њујорк. За книгата, што од ладино (јудејско-шпански) јазик на англиски ја преведоа Исак Нехама и Брајан Берман, осврт имаше и во тамошниот весник „Форвард“, кој со над стогодишната традиција на излегување ужива голем углед во целата еврејска дијаспора. Новинарот Ели Розенблат, меѓу другото, ќе напише дека оваа книга е вреден додаток во литературата на Сефардите на Балканот и одлично сведоштво за светот што повеќе не го знаеме. „Редовите се полни со главните особини на ладино, со сеќавање за оние сефарди што исчезнаа од рацете на фашистите и живописни панорами на градовите Битола, Скопје и Штип. Огромно чувство на отпор излегува од текстот“, вели Розенблат и појаснува дека со сеќавањата на Колономос за сопственото време минато во југословенскиот отпор, таа ја расветлува посветеноста кон граѓанското општество и слободата, кои не успеаја да бидат уништени во Втората светска војна. „Денес мора да запаметиме“, вели новинарот на њујоршкиот весник, „дека во секој агол на светот се' уште постои неправда, од ромските населби во Европа, некои од нив изградени врз свети еврејски места, до сиромашните населби во Бразил, каде што потомците на робовите се борат со економската реалност. ’Монастир без Евреи’ на многу начини е апел за акција. Како што се сеќава Колономос на својот ладино јазик - ’Моќта на волјата може да направи се'!’“, пишува Розенблат, кој го запознал Балканот во есента 2004 година, посетувајќи ги Србија, Косово и Македонија, регион за кој вели дека е од големо меѓународно значење и со прекрасни пејзажи, каде што еврејската историја и култура опстојуваат покрај многу други култури.

Огромно чувство на отпор излегува од текстот", пишува новинарот Ели Розенблат, кој вели дека Македонија е регион од меѓународно значење

ЕМОЦИИ „Не можам да најдам зборови што ќе можат да ги опишат моите емоции кога го гледам ова англиско издание. Легнувам во мојот кревет и пред очи ми се врти целиот живот и солзите почнуваат да капат...“, вели Жамила Колономос, истакнувајќи дека имала среќа нејзиното дело да падне во рацете на Роберт Бедфорд (извршниот директор на Фондацијата н.з.) и Исак Нехама. (Вториов, иако роден во Атина, има потекло од Битола. Своите најблиски ги изгубил во холокаустот, а тој се спасил придружувајќи им се на грчките партизани.) Авторката на оваа исклучителна публикација потенцира дека без нив немало да бидат обелоденети овие детали и херои во борбата против нацизмот, кои најверојатно ќе исчезнеле во претстојното игнорирање на холокаустот. Книгата која првично била напишана само на ладино јазикот е компилација на текстови и есеи на Жамила Колономос, објавувани во изминатите години во разни сефардски публикации, но и во македонските весници. Таа во мемоарите се присетува на судбината на припадниците на Еврејската заедница во Битола (Монастир) за време на холокаустот, но е и сведок за присуството на Евреите во југословенскиот отпор, а поместени се и 150 лични и архивски фотографии. „Монастир без Евреи“, според издавачот, е редок опис од прва рака на животот и смртта на сефардската заедница во Македонија, која на 11 март 1943 година била собрана во магацинот на Тутунскиот комбинат во Скопје. Таму, Евреите собрани од Битола, Скопје и од Штип се депортирани во Треблинка. Само неколку странци и лекари биле ослободени, а ниту еден Евреин од Македонија не го преживеа злогласниот концентрационен логор во Полска. 

Фактографијата кажува дека пред тоа, во 1941 година, во земјава (Скопје, Битола, Штип, Куманово, Гевгелија, Велес, Крива Паланка) имало околу 8.000 лица со еврејско потекло. Се' додека фашистичките влади на Бугарија и нацистичка Германија во најголема тајност не почнат да водат преговори за предавање на еврејското население од бугарските територии на Германците. На 22 февруари 1943 година во Софија ќе се потпише спогодбата за иселување на 20.000 Евреи од местата окупирани од страна на Бугарија, односно од Тракија и од Македонија. Авторката на книгата пишува дека на 10 март делегација на битолските Евреи била примена од владиката, кој великодушно им ветил дека нема да дозволи ништо да им се случи. „Истата ноќ, градовите Битола, Штип и Скопје беа блокирани, а еврејските населби опколени со бугарска војска и полиција. На најгруб можен начин ги скорнуваа од креветите жените и децата, болните ги товареа во камиони, а полицајците викаа по нив да си ги земат сите скапоцености и пари, зашто ќе им требаат и дека ќе ги носат во Бугарија. Пљачкосувањето настана уште на самото место во куќите, при собирањето на Евреите“, вели Жамила Колономос.

Семејството на Моше и Ребека Камхи снимени во Битола, 1932

ТРАГЕДИЈА Во нехигиенските и валкани простории на Монополот, Евреите се сместени од 300 до 500 души во една соба, на голи штици, во студ. Четири дена не добиле никаква храна, а немале ни вода за пиење. Надвор ги пуштале еднаш дневно, зграда по зграда, на половина час. Меѓу 7.215 луѓе затворени во магацините на Државниот монопол, имаше 2.313 деца.

„Од Треблинка не се врати никој. Не остана ниту еден сведок да раскаже за стравотиите на уништувањето на еврејското население од земјава“, нагласува Колономос. Според нејзините сеќавања, во Битола партизанските единици влегуваат на 4 ноември 1944 година, во Штип на 8 ноември, а во Скопје на 13 истиот месец. Во цела Македонија е воспоставена народна власт: се враќаат Евреи од единиците на Народноослободителната војска, од бугарските затвори и интернации, од фашистичките логори во Германија, од илегалниот престој и учество во антифашистичките движења во Грција, Албанија, Бугарија и во Италија, а тие, главно, се населуваат во Скопје и во Битола. По геноцидот, во земјава има само околу 200 припадници на речиси истребениот народ. 

Со создавањето на еврејската држава Израел (во мај 1948 година), најголемиот дел од членовите на македонската еврејска заедница се иселува во својата нова татковина. „Меѓутоа“, тврди писателката, „тие остануваат длабоко врзани за својот роден крај и по разни поводи се собираат“.


Жамила Колономос со својот втор сопруг Аврам Садикарио
 
Денес во Битола нема ниту еден Евреин, во Штип еден, во Гевгелија еден, во Скопје, во Еврејската општина, се регистрирани вкупно 157 члена, а само дваесетина се битолски и скопски Евреи.

„Оние што ги нема“, тврди авторката „сепак, не се заборавени. За нив, вистината се појавува, како што вели една сефардска поговорка - маслото секогаш се крева над водата“. Жамила Колономос ја подготвила оваа книга затоа што по појавувањето на нејзиното последно дело „Искри на сефардизмот во Македонија“ примила многу пријателски писма од Америка, Франција, Израел, од Чиле, кои ја стимулирале да продолжи со работа на сефардската култура. Особено и' се драги есеите и писмата на Жан Карасо - уредник во „Ла летр Сефард“, Хаим Видал Сефиха - професор емеритус од Нова Сорбона и на Ицак Навон - поранешен претседател на Израел. 

„Им должам голема благодарност на Исак Нехама и Брајан Берман за нивниот превод од ладино на англиски јазик. Всушност, ние работевме како тим и англиската верзија на книгата беше на Исак, кој сметаше дека таа ќе ја рашири информацијата до поголема публика, заинтересирана за вистината за животот и трагедиите во тие матни времиња“, истакнува Колономос и додава дека, исто така, многу му е благодарна на новинарот Мирче Томовски, сега починат, кој бил неуморен поддржувач на еврејската кауза. На крајот вели: „Илјада благодарам до сите оние што ме поттикнуваа и ме помагаа да придонесам во напорите во име на сефардскиот свет“. 
Еврејката од Монастир

Жамила Ангела Колономос е родена во 1922 година, во еврејско семејство во Битола. На 19-годишна возраст таа станува член на југословенскиот отпор кусо време по бугарската окупација на Македонија во 1944 година. Таа успева да го избегне собирањето и депортирањето на Евреите од Битола и со неколку другари Евреи им се приклучува на партизаните во април 1943 година, и со тек на време се стекнува со чин комесар на неколку баталјони пред да стане заменик-комесар во македонската бригада и во 42. југословенска дивизија. 

По војната, Колономос во неколку наврати беше одликувана за заслугите и храброста и беше водечки функционер во многу политички, добротворни и општествени здруженија, вклучувајќи ги Сојузот на југословенскиот отпор, Сојузот за заштита на деца во Македонија и АФЖ во Македонија, како и пратеник во македонското Собрание. Во 1962 година, Колономос беше именувана во професор емеритус на Филозофскиот факултет, оддел романска филологија, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е автор на голем број текстови и дела од областа на историјата, јудео-шпанскиот јазик (јазикот на Сефардите) и на југословенско-македонскиот отпор.

Иако Евреите живееле во Монастир од римско време, на сефарадска Евреи, кои првично се префрлени од Пиринејскиот полуостров во петнаесеттиот век, стана преовладува група во градот од страна на XVI век. Тие одржуваат високо традиционални и карактеристичен стил на живот се карактеризира со престој во еврејска четвртина, поврзаност со Јудео-шпански (Ladino) јазик и сефарадска фолклор, Еврејската верска посветеност кон почитувањето и верноста кон еврејскиот комунални институции вклучувајќи ги и синагогите, верски училишта, верските судови , и заемна помош општества. 

Во 1863, по пожарот уништи голем дел од еврејската четвртина, заедницата се сврте кон еврејскиот светските водечки филантроп, Англија Сер Moses Montefiore, за помош во реконструкцијата. Оваа жалба на Запад, го означи почетокот на сефарадска заедница reorientation кон европската култура и постепено воведување на секуларното образование и вредности во популацијата. Овие промени се одржа во исто време како и нови транспортни врски до Солун зголемената трговија и донесе економски просперитет на Монастир Еврејската заедница. 


Овој период на културен и економски развој беше секне од страна на политичките немири во регионот, со почеток во 1903 година со македонското востание против турската владетели на Отоманската империја. Насилство меѓу етничките Грци, Срби, Бугари и врз иднината на Македонија е изложена Монастир за политичко насилство и економски прекин во текот на првата деценија од дваесеттиот век. Како резултат на тоа, илјадници еврејски Monastirlis (како и мештаните од себе) емигрирал во Северна и Јужна Америка, во Ерусалим, и сефарадска метропола на Солун. По завршувањето на Втората балканска војна во 1913, претходно Отоманска Македонија беше до врежани меѓу Србија, Бугарија и Грција. Монастир, тогаш преименувана во Битола, беше ставена на територијата на Србија. Сепак, на Еврејската заедница продолжи да се јавите на град со името е создаден во текот на вековите под отоманското владеење: Монастир. 

На крајот на дваесеттиот век, Монастир еврејска популација достигна речиси 11.000, но од 1914 години на емиграција беше намалена на заедницата со само 6.000. За време на Првата светска војна, Монастир претрпе два инвазии и две години од бомбардирањето. Повеќе од 5.000 Евреи Монастир напуштија своите домови и живеат како бегалци во околината. Кога војната била завршена, Монастир Евреи изброени нешто повеќе од 3.000. Битола стана дел од новата држава на Југославија, а во 1920-тите и 1930-тите ционизмот се наметна како доминантна сила помеѓу локалната еврејска младина. Во текот на тие години, 500 од овие млади мажи и жени емигрирал во Палестина. 


Во последното поглавје во историјата на еврејската заедница во Монастир дојде во 1941 година, кога Германците нападна Југославија и сојузник на Германија, Бугарија, уште еднаш окупирана Македонија. По тие систематски despoiled и ghettoized Евреи од Монастир, бугарските власти се транспортираат на целата Еврејската заедница на транзит камп во Monopol тутун складиште во Скопје. Од таму, Монастир Евреи беа депортирани во Треблинка меѓу 22 март и 29 март, 1943. Не е една од Монастир 3.276 Евреи депортирани во Треблинка преживеал. Неколку десетици Monastirlis успеал да избегне депортација, и четири избега од Monopol логор. Денес, само еден Евреин останува во градот, кој е дом на сефарадска заедница за повеќе од 400 години.



Евреите во Македонија

Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, по долги и мошне добро подготвени акции, бугарската фашистичка полиција и војска во Скопје, Битола и во Штип, почнала со собирањето на Евреите во бугарскиот фашистички концентрационен логор во скопскиот Монопол. На пат до логорот Треблинка во затворени вагони и без вода, со претходно посолена храна, многу деца, жени и стари лица им подлегнале на тешките услови. Жртвувањето на Евреите од Македонија од страна на фашистичка Бугарија за да се задоволат барањата на сојузникот - Хитлерова Германија, е само еден од многуте егзодуси кои окупаторите на Кралска Бугарија го сториле на почвата на Македонија, во својата како што официјалната бугарска историографија практикува да каже "ослободителна мисија". 

Потоа, сите Евреи од Македонија биле депортирани во логорот Треблинка во Полска, каде што биле задушени во гасни комори. Факти кои сведочат за ужасната нечовечност на човештвото. 
Од Треблинка не останал ниту еден сведок за да може да раскаже за уништувањето на еврејското население од Македонија. Злосторство кое болно одекнува во свеста на секој Македонец. Денес со горчина и со болка се потсетуваме на голготата на македонските Евреи, и се прашуваме дали холокаустот е можеби највисоката сурова точка над која се издигнало човештвото? 
Еврејската заедница во Македонија денес ја негуваат традицијата на заемен живот со македонскиот народ и дејствуваат во настојувањата да не се повтори холокаустот на еврејскиот народ. 

Според историските податоци - македонските Евреи се потомци на една од етничките групи наречени Сефарди, кои на Балканот, поточно во Македонија, дошле по шпанската инквизација во 1492 година. Тие се семитски народ и верска заедница со потекло од Месопотамија. Историјата им почнува со номадскиот период. По традиција, врз основа на говорниот јазик се делат на две етнички групи, Сефарди, по потекло бегалци од Шпанија и Португалија, и Ашкенази, северни и средноевропски, германско-полски-руски Евреи. 

Со доаѓањето во Македонија тие и натаму го задржуваат шпанскиот јазик како свој, но говорат и хебрејски. Поради принудните миграции, Евреите се раселени на сите континенти, а поделбите ги опфаќаат американските, австралиските и донекаде северноафричките Евреи. 
Најголем дел од Евреите од Скопје живееле во познатото Еврејско маало, кое се наоѓало на левиот брег на реката Вардар, веднаш под Калето, од неговата јужна страна. Еврејската заедница во Скопје, иако формирана релативно во конзервативна средина, во тој период мошне брзо почнала да ги прифаќа новите идеи и с# повеќе се интересирала за науката и за политиката, за социјалните и за другите проблеми. Во годините на нејзиното постоење Еврејската заедница се наметнала како влијателна социјална, културна и економска организација, која доследно ги негувала и ги почитувала еврејските обичаи и традиции. 

За жал, катастрофалниот земјотрес од 1963 година до темел го разурнал Еврејското маало. Со депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка засекогаш била уништена и последната трага од виталната заедница која тука постоела со векови. Сеќавањата и фотографиите на нивните потомци, како и на Македонците кои биле сведоци на нивната голгота, остануваат како аманет за сегашните и за идните генерации, најсвето и најдостоинствено да го негуваат и да го почитуваат споменот за македонските Евреи. Македонската почва низ историските премрежија претрпела бројни неправди и трагедии меѓу кои се вбројува и еврејската голгота. 

Thursday, February 17, 2011

Видео за Македонија.

КРСТО ГЕРМОВ - ШАКИР ВОЈВОДА


Роден е во 1875 година во Прилеп. Во Организацијата се вклучува во 1901 година како четник во четата на П. Ацев, а потоа станал реонски војвода во Мариово. За време на Илинденското востание учествувал во повеќе борби против турскиот аскер, а по востанието и тоа како против турскиот аскер и башибозук така и против грчките андарти. Во 1904 година го придружува Ѓ.Петров, после е со војводата Н.Каранџулов. Војува против врховисти, грчки и српски чети. Во 1906 година е уапсен од турската власт и осуден на доживотен затвор, а амнестиран е од младотурците во 1908 година.

Со своја чета учествува во балканските војни, а по војната живее во Софија. Во Македонија се вратил по Втората светска и како највозрасен народен пратеник од Прилепско на 01.09.1946 година го отвора Првото заседание на Македонското народно собрание.

Почина во Скопје во 1962 година





Шакир бил омилен војвода во Прилепско

Река од луѓе течеше крај одарот на војводата Шакир на неговото последно испраќање на Старите прилепски гробишта во 1962 година, се сеќава неговата 83-годишна ќерка Нада Гермова-Бабиќ



Само потомците на прилепскиот војвода Шакир се грижат за неговиот подзаборавен гроб на Старите градски гробишта во Прилеп. Нада Гермова- Бабиќ, ќерка на Крсте Гермов - Шакир, има 83 години и е последниот потомок од прво колено, на еден од борците за национална слобода од крајот на 19 и почетокот на 20 век во Прилепско. Тој е роден во Прилеп во 1868 година и запишан како легендарен во книгата „Прилепските војводи“.

Неговата ќерка Нада вели дека татко и' и' ракажувал оти од мал бил палаво момче кое не можело да ги трпи зулумите. 

- Прекарот Шакир го добил по некој турски разбојник, бидејќи на турските порти во Варошко Маало во Прилеп им цртал крстови да објави дека градот е рисјански. Затоа Турците го нарекле Шакир, по разбојникот. Имал шест прекари. Бил прв соработник на Ѓорче Петров, а на војводата Толе од Мариово му бил секретар. Непомирливиот дух за правда го терал да организира акции против насилниците врз христијанското население, а имал своја чета во Мариовско. Бил соработник на војводата Петре Ацев. По атентатот на пријателот од Прилеп, Ѓорче Петров во Софија, отишол во бугарската престолнина, посветувајќи се на поддршка на студенти со национални идеи- раскажува Нада.

По ослободувањето на Македонија во 1945 се вратил во Прилеп, а во 1962 година починал во длабока старост.

- Дојдовме од Софија во неговиот роден град. Од прилепчани бевме пречекани со необично гостољубие, близина и почит. Не знаев дека бил толку омилен, иако беше отсутен повеќе од 30 години. На улица луѓето ме запираа и ми кажуваа како го помагале татко ми во илинденскиот и во предилинденскиот период, како му обезбедувале храна, засолниште и пари за Организацијата. Многу го ценеа - вели Нада.

Починал во Скопје, а погребан е во родниот Прилеп. 



- Река од луѓе течеше крај одарот поставен во Домот на Армијата да му се поклонат. Трпеливо, со часови, прилепчани чекаа да му оддадат последена почит. Речиси цел Прилеп излезе на последното испраќање на својот сограѓанин. Погребната поворка беше долга со километри, од центарот до Гробиштата. Со државни почести, високи државни, локални функционери и блиски соборци, старо и младо се простија од Шакир. Никој не ги извади граѓаните на улица. Не ги тераше да положуваат цвеќиња. Тие го сакаа како свој јунак оти им беше симбол на протест, гордост и простум. Ги водеа само сеќавањата и раскажувањата за храбрите акции на Шакира - вели ќерката Нада Гермова-Бабиќ, пензионирана лекарка, специјалист по протетика.

Таа била најмала меѓу петте деца. Го памети татко си како домаќин, праведен и секогаш грижлив родител. Во семејството зрачел топлина сигурност и разум, без строгост. 

- Беше многу упорен и човек со визионерски погледи. Почитуваше знаење. Буквално ме натера да студирам, запишувајќи ме без мое знаење на белградскиот универзитет. Секогаш беше спремен за соработка со сите правдољубиви и чесни луѓе. Последните години ги мина во Скопје во друштво со Стале Попов - раскажува Гермова. 

- Жалиме што гробот е во трње и коров, откако заминаа последните почитувачи. Не губиме надеж. Ќе се најдат сили да се овековечи делото на дедо ми - се надева неговата внука Гордана.

Tuesday, February 8, 2011

ТВОИТЕ ОЧИ ЛЕНО

ТВОИТЕ ОЧИ ЛЕНО

Твоите очи Лено мори воденски череши се
дај ми ги на мене јаска да ги изедам,
мерак Лено мори, мерак да ми помини
севда севда моја севда да ми излези.

Твојто усте Лено мори костурско кутиче е
дај ми го на мене јаска да го отворам,
мерак Лено мори, мерак да ми помини
севда севда моја севда да ми излези.

Твојто лице Лено мори леринско симитче е
дај ми го на мене јаска да го изедам,
мерак Лено мори, мерак да ми помини
севда севда моја севда да ми излези.

Твојта снага Лено мори танка ем висока е
дај ми ја на мене јаска да ја прегрнам,
мерак Лено мори, мерак да ми помини
севда севда моја севда да ми излези.







Едно име имаме


Покрај Егеј Македонци,
покрај Вардар Македонци
и по Пирин Македонци
славно име, непокорно.
Едно име имаме
во душата го носиме,
за тебе живот даваме
о, Македонијо!
Како килим полиња,
а до небо планини,
реки златоносни,
а езера бисерни.
Едно име имаме
во душата го носиме,
за тебе живот даваме
о, Македонијо!
Мајко Македонијо
балканска убавице,
кој се родил во тебе
и живот дава за тебе.
Едно име имаме
во душата го носиме,
за тебе живот даваме
о, Македонијо!

Море сокол пие


Море сокол пие
Вода на Вардарот.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.
Море ој соколе,
Ти јуначко пиле.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.
Море нели виде
Јунак да помине,
Јунак да помине,
С'девет лути рани.
Јане,Јане ле бело грло,
Јане,Јане ле кротко јагне.
Јунак да помине
С'девет лути рани,
С'девет лути рани,
Сите куршумлии.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.
А дестта рана,
Со нож прободена.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.