- Покрај Егеј Македонци,
- покрај Вардар Македонци
- и по Пирин Македонци
- славно име, непокорно.
- Едно име имаме
- во душата го носиме,
- за тебе живот даваме
- о, Македонијо!
- Како килим полиња,
- а до небо планини,
- реки златоносни,
- а езера бисерни.
- Едно име имаме
- во душата го носиме,
- за тебе живот даваме
- о, Македонијо!
- Мајко Македонијо
- балканска убавице,
- кој се родил во тебе
- и живот дава за тебе.
- Едно име имаме
- во душата го носиме,
- за тебе живот даваме
- о, Македонијо!
No comments:
Post a Comment