Monday, February 20, 2012

Раде Јовчевски - Корчагин

Роден е на 14 Август 1919година  во Скопје, во занаетчиско  семејство. По завршувањето на основното училиште и две години  средно училиште, го изучуа кожарскиот занает. Потоа посетува трговско  училиште, а во 1937 година да заминува во Белград каде што работи како кожар. Тука се вклучува во синдикалното движење во Белград, а во  1938 година  беше избран за секретар на кожарските работници, а наредната година тој се приклучил на Комунистичката партија на Југославија. Полицијата наскоро ја  забележува неговата активност. Да го оневозможи во натамошното дејствување против монархијата,  го протерале од Белград  во Скопје.


                                                     Раде Јовчевски - Корчагин 

Сепак, Раде Јовчевски ја продолжи својата револуционерна работа и во Скопје и со своето искуството стекнато во Белград,  успешно  ги организирал  штрајкови и демонстрации во Скопје. Во текот на 1940 година веќе е професионален партиски работник ,при што бил постојано прогонуван од полицијата како тој така и  членови на Обединетиот работнички синдикат на Југославија. Раде Јовчевски се враќа во Белград, но  локалната полиција веќе имаше документи за неговата антидржавна активност.Тој е  уапсен и затворен во затвор Главњача.По напуштањето на затворот, тој често патувал меѓу Белград и Скопје.
По окупацијата, во текот на летото 1941 година, Раде Јовчевски беше еден од организаторите и учесниците во Првиот скопски партизански одред. Од тогаш таа стана познат под името Корчагин. Воениот суд во Скопје го осуди во отсуство, а полицијата објави потерница за него со паричната награда. Полицијата, по долго пребарување, конечно успеа да го опколи  во близина на манастирот Побожје. Кога  полицијата му се доближува, тој фрли граната во нив и успеа да избега од заседата.Во јануари 1943 година беше дел од Македонско - косовска единица.По една битка каде го убиле неговиот добар пријател  Александар Урдаревски,заедно со  група на партизаните се одвојува од составот, и слегува од планината. Раде Јовчевски на 20 фебруари 1943  доаѓа во Скопје за да фати врска, но беше предаден на  бугарската полиција и е опкружен од полицајци во првата куќа во која тој влегол. Тој се обидел да избега прескокнувајќи преку  ограда, но во оваа прилика беше тешко ранет, и паѓа на улица.Потоа еден бугарски војник му се приближува и го убива со истрел од пиштол.



Мртвото тело на Раде Јовчевски - Корчагин


Со Декрет на претседателот на Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито,  на 8 
Октомври 1953 година, е прогласен за народен херој.

Sunday, February 19, 2012

Ванчо Ѓорѓиев - Солунските Атентати 1903 година.


















Илија Игески - Цветан


Илија Игески - Цветан, македонскиот Чапаев, како што обично го нарекувале неговите соборци, по името на големиот руски борец Василиј Иванович - Чапаев (1887-1919), херојот на Октомвриската револуција, легендарниот полководец и командир во Црвената Армија. Тој бил омилена личност кај борците од ослободителната борба. Со херојското однесување бил пример на бестрашен борец, кој влегувал во многубројните борби со фашистичкиот окупатор, за што е и прогласен за народен херој. Роден е во јули 1920 г. во село Топлица. Фамилијата се преселила во Прилеп во 1923 година. Основно училиште завршил во Прилеп, а потоа ги изучувал опинчарскиот и фурнаџискиот занает. Пред војната, учествувал во повеќе штрајкови и демонстрации против српскиот режим. Учесник бил на познатите Илинденски демонстации во 1940 година. Во 1939 година станал член на СКОЈ а, наредната година и член на Комунистичката партија.

ЉУБЕН ЛАПЕ (1910 - 1985)

На 11 Октомври пред 100 години во Прилеп се родил македонскиот Херодот, таткото на македонската историска наука, професор по историја, педагог, научник, академик Љубен Лапе. Фактот што е роден на светлиот датум на прилепската и македонска историја, навестува дека целиот живот го посветил на македонската историска наука. Се родил во старата куќа на ул. Марксова бр.78, на која стои спомен - плоча, поставена на иницијатива на Друштвото за наука и уметност пред 20 години за 80 години од раѓањето. Лапе, од 1971 година па се до смртта, е почесен член еминентното друштво. Малкумина, освен повозрасните, го познаваат историографското дело. Немаа “чест” да им биде професор, но студирајќи на Филозофскиот факултет - во Скопје - Институт за историја, чиј еден од основачите е и професорот Лапе, иако е починат, педагошкиот и воспитувачки дух се чувствува присутен и кај колегите, професори и кај постарите студенти. Станува збор за голем педагог, историограф и научник кој ја обработува историјата на македонскиот народ, особено периодот на Македонија под турска власт. Тој дава голем придонес за развојот на историската наука. На овој “славен” прилепчанец секако дека местото му е на “Патеката на славните”, спомен-обележје, неодамна подигнато, а посветено на прилепчани кои одиграле значајна улога за Македонија и во областа на литературата, уметноста, музиката и актерството. Локалната самоуправа најсериозно треба да смета, поради неговото големо дело, и да го пореди кај славните прилепчани. Во 1977 година, тој го доби највисокото општинско признание за животно дело, наградата 9 Септември (денес, наградата 3 Ноември). Добил и републички награди од областа на културата, уметноста, науката и образованието, како, наградите 11 Октомври, Гоце Делчев Климент Охридски и други најразлични признанија и ордени, што се верификација на високите достигнувања. Во 1974 година станал и член на МАНУ. Стогодишнината од раѓањето и 25 - годишнината од смртта е добар повод за потсет за неговото дело. Лапе и припаѓал на предвоената борбена македонска интелегенција, која активно се борела за политичка слобода и национални права на македонскиот народ. Бил школуван во Прилеп, Битола и Белград, каде ги завршил студиите по историја. Се вработил во Подгоричката гимназија од каде по започнувањето на априлската војна во 1941 година, се вратил во Македонија. За бугарската окупација бил професор во Струмица, од каде заради напредните идеи и соработката со движењето, најпрво бил преместен во Панаѓуриште, Бугарија, а во 1943 година бил одведен во логорот Чучулигово. По ослободувањето, раководел со просветата во Битолската област. Потоа бил помошник на повереникот за просвета на Македонија, Димче Мире. Ја изработил првата програма за историјата на македонскиот народ во гимназиите. Бил еден е од основачите на Филозофскиот факултет, Педагошката академија, Институтот за национална историја, Архивот, Друштвото на историчари на Македонија. Голем е придонесот за излегувањето на историографски списанија. Станал основоположник на современата македонска историографија, музеологија и архивистика. Автор е на над 230 библиографски единици, научни и стручни трудови, посветени на историјата на македонскиот народ. Научен интерес му биле ослободителното движење од ЏВИИИ - ЏЏ век, формирањето и дејноста на македонската револуционерна организација, странските пропаганди во Македонија, Илинденското востание и Крушевската Република. Бил еден е од авторите на тритомната “Историја на македонскиот народ” и “Спомените на Ѓорче Петров”, публикувани со негов вовед, коментар и редактура. Пишувал и за “Животниот пат и делото на Пере Тошев”. Го осветлил ликот на Даме Груев. Пишувал и за Гоце Делчев, Крсте Петков - Мисирков, Димитар Поп Георгиев - Беровски, Дончо Штипјанчето, Тодор Кусев, Марко Цепенков, Кочо Рацин и други дејци од македонската историја. Коавтор е на неколку учебници по историја. Учествувал и во подготовката на книгите за историјата на Прилеп. Штедејќи парични средства, оставил аманет по неговата смрт, да се основа “Фонд Љубен Лапе”, наменет за студенти, материјално необезбедени, но солидни во студирање со интерес за изучување на историјата на македонскиот народ. Починал во Скопје на 24 ноември 1985 година.

Рубин Белчески
историчар 2010 година

Документи за АСНОМ и борбата за слобода на Македонија

Документи објавени од историчарот Кире Филов