Sunday, February 19, 2012

Илија Игески - Цветан


Илија Игески - Цветан, македонскиот Чапаев, како што обично го нарекувале неговите соборци, по името на големиот руски борец Василиј Иванович - Чапаев (1887-1919), херојот на Октомвриската револуција, легендарниот полководец и командир во Црвената Армија. Тој бил омилена личност кај борците од ослободителната борба. Со херојското однесување бил пример на бестрашен борец, кој влегувал во многубројните борби со фашистичкиот окупатор, за што е и прогласен за народен херој. Роден е во јули 1920 г. во село Топлица. Фамилијата се преселила во Прилеп во 1923 година. Основно училиште завршил во Прилеп, а потоа ги изучувал опинчарскиот и фурнаџискиот занает. Пред војната, учествувал во повеќе штрајкови и демонстрации против српскиот режим. Учесник бил на познатите Илинденски демонстации во 1940 година. Во 1939 година станал член на СКОЈ а, наредната година и член на Комунистичката партија.

No comments:

Post a Comment