Бугарскиот политичар Петар Тодоров во својот труд «Погромите на Б’лгарија", издаден во Софија во 1930 година, истакнува самобитността на македонскиот народ помеѓу другите словенски народи на Балканот, цитирам: "Луѓето на Балканот етнички се така посебни, што е исклучена секоја опасност за претопување, за било каков губиток на јазикот, на обичаите, на самобитната им култура при едно заедничко живеење. Малите, на гледање, разлики меѓу јазикот и карактерот на тие народи (Бугари, Срби, Славони, Македонци, Хрвати итн) се всушност доста јасни, неизбришливи гранични линии. " (Петар Тодоров. Погромите на Б’лгарија, став 1, Софија, 1930 година, стр 67.)
No comments:
Post a Comment