Sunday, May 1, 2011

Македонија и Грција

Генеза на мегаломански идеи

Македонија и Грција

Автор Димитар Љоровски Вамваковски во весникот „Народна волја„



Осамостојувањето на Македонија предизвика шок во Грција. Започна една невидена дипломатска кампања и пропаганда со цел да се спречи создавањето на новата држава и на нејзиното стабилизирање. Деталите се познати. Еден од најсериозните аргументи со кои се манипулираше беше: новата држава не може да го носи името Македонија бидејки, со мал исклучок, таа не била лоцирана на македонска територија. Тоа име можело да го носи само областа која 1913 г. и припаднала на Грција. Скоро откриениот документ во Атина од 1885 г., меѓутоа, покажува колку грчката пропаганда била безкрупулозна. Во тој документ се гледа тоа што веќе се знаело - имено “историска Македонија” се простира од планината Олимп до Шара. Значи Р.Македонија е создадена на македонска територија.
Имено грчката официјална политика е заентересирана да докаже дека малцинства и малцински јазици во државата нема. Затоа анкетата се прави во цела Грција, а процентот и просекот се определува од вредностите добиени од целата држава. Меѓутоа за секого е јасно дека малцинствата и малцинтските јазици не се распределени во целата држава. Тие не се еднакво распределени и во еден округ. Окрузите во Грција се големи. Кожанскиот округ на пр. опфаќа голем дел од југозападна Македонија, главно елинофони (погрчени) реони каде што живее и македонско и влашко малцинство и според тоа и тука една анкета од таков вид не би дала реална слика за малцинскиот состав на населението. Албанскиот јазик најмногу се говори во Атика и на останатиот дел од стара Грција и Пелопонез, влашкиот јазик во централна Македонија, Тесалија и Епир, македонскиот јазик во југозападна, централна и источна Македонија, а турскиот во Тракија и делумно во источна Македонија и т.н.
Значи “малку говорните јазици” (Е.Б.Л.У.Л) се распределени главно на определени региони.

Релативно точни податоци за мајчиниот јазик на населението можат да се добијат само преку попис кои би ги опфатил населбите и реоните. Последен попис во кој имало графа мајчин (но и говорен) јазик во Грција е извршен 1951 година. Но, со оглед на фактот што овој попис е извршен две неполни години по крајот на Граѓанската војна, не може да се смета за објективен што се однесува до Македонците бидејќи тие, поради масовното учество во војната се уште беа изложени на терор и не можеа слободно да го искажат своето “јазично” определување. И пописот од 1928 год. се смета дека не дава објективни податоци за македонското малцинство. Единствено пописот кој е извршен по Првата светска војна (1920), кога се уште не беа извршени големите етнички промени со размената на населението по Малоазиската грчка катастрофа, која имаше аналитички прашања во врска со јазичната положба, се смета за најблиска до вистината за бројот на Македонците во Егејска Македонија. Но токму затоа таа, во голема мера се држи во тајност. Имено, надлежните државни фактори и не биле готови да го прифатат “официјалното признание и откривање на постоење мнозинско ксенофонско население и особено на славофонско во Македонија”, како што признава во својот извештај од 31-3-1923 год. секретарот на Министерството за надворешни работи Петрос Лекос испратен до Генералната управа за Македонија. Тоа беше направено, покрај другото и за да не се дознае правата вистина за доминација на македонското и турското население во окупирана Македонија и да се манипулира со проблемот за малцинските права кој стануваше актуелен.
Грците и сега прават се што можат да ја скријат правата вистина за процентот на ксенофоните и особено на “славофоните” во Македонија. Овој “одбранбен синдром” се уште опстојува во Грција и покрај тоа што во последните скоро 9 децении грчкиот јазик е наложен во сите региони на државата додека “малцинските јазици” се принудени на повлекување. Тоа е постигнато со разни брутални сретсва како на пример заклетвите со кои се принудуваше македонското население да се откаже од својот мајчин јазик во интерес на грчкиот. Заклетвата која се даваше пред високи државни функционери почнуваше со: “Се колнам пред Бога и народот дека нема никогаш да прозборам на овој словенски идиом....”
Сличен е односот на Грците и кон другите ксенофони жители. На пример кон Власите кои во последно време пројавуваат интерес кон афирмација на нивниот јазик. Во 1998 г. една влашка асоцијација се обиде да организира дводневна трибина во Лариса за влашкиот јазик на која учествуваа Грци и странски научници кои се занимаваат со овој проблем. Овој собир беше насилно растурен од крајно десничарскиот “Патриотски сојуз на Тесалија”. Сепак, Грците особено по осамостојувањето најмногу ги загрижува “македонското прашање”. Затоа најмногу се преокупирани со статусот на македонскиот јазик. Преку последната анкета спроведена во разни неверојатни варијанти, се докажува дека македонскиот јазик е застапен со под 1%, или поконкретно: во Солунско 1,9%, централна Македонија 1,5%, западна Македонија 5,6%, а во Тесалија 1%. Или вкупно во целата држава 0,6%. Но уште еднаш да подвлечеме дека преку анкета не може да се констатира вистината!! И уште нешто, Грците во никој случај нема да дозволат да се дознае вистината за бројот на Македонците во Грција како и за тоа колку е проширен македонскиот јазик во тој дел на Македонија.
Заклучок:
- Грција по ослободувањето 1821 - 1829 беше минијатурна државичка со малубројно население. Но, тоа не & пречеше да зацрта големодржавна национална програма и план за нејзино реализирање.
- Во балканските територии каде што планираше да се шири, имаше многу малку грчко етничко население, но имаше христијанско православно кое по силата на историските околности ја признаваше јурисдикцијата на Цариградската патријаршија, која беше грчка институција и како таква беше расадник на грчката просвета и култура преку црквата и училиштата. Целото тоа население, и Патријаршиајата и грчката држава го прогласиле за грчко и започнале плански и интезивно да го асимилираат. Благодарение на тоа Тесалија, преполна со влашко и друго православно населениие започна да се претворува и да се третира како грчка провинција. Епир, населен претежно со влашко, албанско дури и македонско население се претвори во грчки. Според една теорија од овие три православни етнички групации, групирани околу Патријаршијата, преку асимилација, се роди третата - грчката.
- Бранот на асимилација ја опфати и Македонија. Предмет на асимилација беа Македонците, Власите и ретки населби со албанско православно население. Јужните македонски кази, главно до река Бистрица, до пред крајот на 19 век веќе беа елинофони (погрчени). Но северно од оваа река, со исклучок во некои градски центри, процесот на грцизација беше мошне отежнат, да не речеме стопиран. Делумно “виновен” за тоа беше будењето, односно појавата кај Македонците свеста за припадноста кон оделно словенско “племе”, потоа појавата на Егзархијата, а најмногу појавата и дејноста на Внатрешната организација. Грците, доаѓајки дефинитивно до заклучок дека со старите сретства Македонците не ќе можат да се грцизираат, започнаа да планираат на помош да ја повикаат економијата, а од 1904 г. започнаа и со физичко ликвидирање на македонското наеселение.
- Освојувајќи ја 1913 година половината од Македонија, Грција ја зголеми двојно својата државна територија (1911 - 64 000 кв.км., 1913 - 120 000; 2 500 000 - 5 000 000 жители), и двојно го зголеми и бројот на населението. Но бројот на грчкото население далеку заостануваше зад македонското и турското. Или околу 78% од освоеното наеселение било од негрчко потекло. Тоа беше сериозен проблем кој требало итно да се решава. Време за решавање преку асимилација немаше. Прашањето можеше да се реши исклучиво преку насилие. Паралелно со окупирањето на македонската територија во Првата балканска војна Грците започнаа со уништување на муслиманските села, со терор, со убивање и прогонување на муслиманското наесление, а во Втората војна овој геноцид се прошири и врз македонското население.
Историските околности одеа во прилог на брзите етнички промени во Егејска Македонија. По силата на Нејскиот договор и конвенцијата потпишана меѓу Грција и Бугарија за “доброволно” иселување, а всушност преку разни видови на насилие, Грците принудија над 86000 Македонци да бегаат во Бугарија. Во малоазиската војна (1919 - 1922) Грците ја изгубија војната, и со тоа “мегали идеа” дефинитивно пропадна. Но затоа, пак со Лозанскиот договор за задолжителна размена на население, Егејска Македонија од територија со мал процент на грчко население наеднаш се претвори во територија со (официјално) над 82% грчко население. Околу 350 000 муслимани беа протерани, а 565 000 грчко и голем број негрчко православно население беше населено во окупирана Македонија. Тоа личеше на “големата преселба на народите” позната во Европа во минатите векови. Последен голем бран на македонско емигрирање се случи при крајот на Граѓанската војна (1946 - 1949).
- И покрај тие големи етнички промени еден значаен број на Македонци остана да живее на своите вековни огништа. По Граѓанската војна продолжува бруталната но и доста успешна асимилација. Но таму каде што тие живеат компактно, се уште упорно опстојуваат. Самостојна Македонија врз нив влијае заразно. Тоа Грција ја плаши. Р.Македонија за неа е “трн во око”. Нејзината економска и политичка афирмација секој пат ќе & пречи. Повеќе и одговара полуколонијален статус. Нејзиниот капитал, било приватен, било државен кој интензивно навлегува кај нас ја има токму и таа улога - да го “негува” тој статус. Но најмногу на Грција и одговара за сосед да ја има Србија!
- Ги теши и ги охрабрува неединството на македонскиот народ поради слабиот патриотизам, постоењето и стимулирањето правата на многу малцинства и особено судирот со Албанците. Многумина, што се гледа и при разните дебати на ТВ каналите, “спасот” го гледаат и го очекуваат од распадот на “Скопската” држава. Ако некој се обиде да ве увери дека Грција е заинтересирана за опстанокот на Р.Македонија заради заштита на својот капитал, тој сигурно ве лаже! Тие би дале уште толку капитал само да не нема. Полошо од нас за Грците тука можат да бидат само Бугарите. Но знаат дека тоа не може да се случи. Букурешкиот договор не важи само за Србија. Според него, во случај, не дај Боже, на екстремен пресврт, на овој простор ќе се врати “стариот газда”.
- Обновувањето на пропагандите од 19 век во нашата земја Грците успешно го користат. Предмет на “обработување” не се само потомците на бившите Власи - гркомани од Битола, битолско и Крушево туку и потомците на Македонците - гркомамани (во битолско, Струмица, гевгелиско).
- За сега се се движи во границите на вербалното. Особена агресивност се изразува во историографијата и воопшто во пропагандата. При тоа Грците не забораваат да потсетат дека имаат “неослободени” територии во Македонија северно од постојните граници. Официјално тоа го изнесоа на Париската мировна конференција при крајот на Втората светска војна, а последно неофицијално само пред некој месец. Имено при крајот на август секоја година државно се одбележува победата во Граѓанската војна 1949 година. Монархофашистичката организација “Хриси Авги” (Златна Зора) составена главно од резервни офицери тоа го прави со посета на планината Вичо каде што се воделе последните крвави битки. Оваа година “прославата” беше проследена со летоци со кои се бараше “Слобода на северна Македонија!”. Тоа е дело на “екстремисти”, ќе каже некој, но и албанските “борци за човекови права” ги нарекуваат екстремисти!!
- Нема пример во Европа, да се создаде релативно голема држава (за балкански услови) од туѓи територии и што треба посебно да се истакне, да се создаде “мононационална” (?!) државна заедница од голем број етничко туѓо поробено население. Освојувањето толкава територија беше повеќе заслуга на Бугарија и Србија (тие ја разгромија главнината на турската армија 1912, а Грците доаѓале така - речи на готово) и на нивните непријателски односи (1913), но претворувањето на етничко туѓото население во грчко е заслуга и “вештина” на Грците. Преселбите и насилието ја изиграа главната улога при тоа. Се применуваа и се уште се применуваат и други сретства меѓу кои доста успешно е планското форсирање на институцијата мешани бракови. Во 1958 г. К.Караманлис изјави: Тоа што не успеа да го постигне Метаксас со закон (забрана на јазикот) јас ќе го постигнам со бракот!

- Треба дебело да се подвлече дека на југ имаме сосед кој не ни го сака доброто и неговата политика спрема нас секогаш ќе биде инспирирана од вкоренатото сваќање создадено по создавањето на македонската држава (1944) и зацврстено по осамостојувањето - дека Р.Македонија, покрај Р.Турција, е најголема закана за целоста на грчката држава. Изјавите дека за Грција на север подобро е да има “слаба државичка” отколку голема агресивна Србија, беа од привремен карактер.
- Ние директно физички за сега не сме загрозени од југ, но не треба никогаш да се испушта од ум дека сме изложени на перманентно и перфидно национално, морално и политичко нагризување со разновидни “византиски” сретства што во краен случај значи и физичко загрозување.
- Соседите, во случајот грчкиот, треба добро да се познава како би можело државната политика правилно да се насочува во градењето на меѓудржавните односи. Треба добро да се познава како би можело на време да се реагира и да им се парира на разновидните акции кои имаат поткопувачки карактер. А Грците не следат на секој чекор и не познаваат многу добро.
- Десетици, да не речам стотици, научни и други работници во Солун и Атина ја следат и ја познаваат нашата целокупната научна и политичка активност. Тимови преведуваат на грчки јазик за внатрешна употреба, се значајно што се публикува кај нас, а има некаква врска со Македонија, односно Грција. Ние многу малку знаеме што се случува кај нив. Не се работи организирано за прибирање на информации. Многу важниот весник “Елефтеротипија”, кој има специјални страници по историја и често објавува мошне важни документи.
Грците имаат голем број научници кои не проучуваат нас. За тоа трошат многу пари. Сметам дека ние можеме да имаме барем неколку стручни лица во рамките на Институтот за национална историја кои, на кратко, би имале задача: да ја следат и набавуваат грчката историографска и политичка продукција која се однесува за Македонија; да вршат, по потреба, селективен превод на важни документи; да го следат и проучуваат современиот општествен и политички живот во Егејска Македонија, односно Грција по поделбата на Македонија; да ја истражуваат и проучуваат политиката на Грција кон Р.Македонија и своите анализи и научни сознанија да ги стават на располагање на државното раководство и евентуално на јавноста. Да потсетам дека Грција целата документација за проблемот создаден по осамостојувањето на Р.Македонија (по Лисабон) веќе ја имаат објавено.


Сличен е односот на Грците и кон другите ксенофони жители. На пример кон Власите кои во последно време пројавуваат интерес кон афирмација на нивниот јазик. Во 1998 г. една влашка асоцијација се обиде да организира дводневна трибина во Лариса за влашкиот јазик на која учествуваа Грци и странски научници кои се занимаваат со овој проблем. Овој собир беше насилно растурен од крајно десничарскиот “Патриотски сојуз на Тесалија”. Сепак, Грците особено по осамостојувањето најмногу ги загрижува “македонското прашање”. Затоа најмногу се преокупирани со статусот на македонскиот јазик. Преку последната анкета спроведена во разни неверојатни варијанти, се докажува дека македонскиот јазик е застапен со под 1%, или поконкретно: во Солунско 1,9%, централна Македонија 1,5%, западна Македонија 5,6%, а во Тесалија 1%. Или вкупно во целата држава 0,6%. Но уште еднаш да подвлечеме дека преку анкета не може да се констатира вистината!! И уште нешто, Грците во никој случај нема да дозволат да се дознае вистината за бројот на Македонците во Грција како и за тоа колку е проширен македонскиот јазик во тој дел на Македонија.
 Заклучок:
 - Грција по ослободувањето 1821 - 1829 беше минијатурна државичка со малубројно население. Но, тоа не и’ пречеше да зацрта големодржавна национална програма и план за нејзино реализирање.
 - Во балканските територии каде што планираше да се шири, имаше многу малку грчко етничко население, но имаше христијанско православно кое по силата на историските околности ја признаваше јурисдикцијата на Цариградската патријаршија, која беше грчка институција и како таква беше расадник на грчката просвета и култура преку црквата и училиштата. Целото тоа население, и Патријаршиајата и грчката држава го прогласиле за грчко и започнале плански и интезивно да го асимилираат. Благодарение на тоа Тесалија, преполна со влашко и друго православно населениие започна да се претворува и да се третира како грчка провинција. Епир, населен претежно со влашко, албанско дури и македонско население се претвори во грчки. Според една теорија од овие три православни етнички групации, групирани околу Патријаршијата, преку асимилација, се роди третата - грчката.
 - Бранот на асимилација ја опфати и Македонија. Предмет на асимилација беа Македонците, Власите и ретки населби со албанско православно население. Јужните македонски кази, главно до река Бистрица, до пред крајот на 19 век веќе беа елинофони (погрчени). Но северно од оваа река, со исклучок во некои градски центри, процесот на грцизација беше мошне отежнат, да не речеме стопиран. Делумно “виновен” за тоа беше будењето, односно појавата кај Македонците свеста за припадноста кон оделно словенско “племе”, потоа појавата на Егзархијата, а најмногу појавата и дејноста на Внатрешната организација. Грците, доаѓајки дефинитивно до заклучок дека со старите сретства Македонците не ќе можат да се грцизираат, започнаа да планираат на помош да ја повикаат економијата, а од 1904 г. започнаа и со физичко ликвидирање на македонското население.
 - Освојувајќи ја 1913 година половината од Македонија, Грција ја зголеми двојно својата државна територија( 1911 - 64 000 кв.км., 1913 - 120 000; 2 500 000 - 5 000 000 жители), и двојно го зголеми и бројот на населението. Но бројот на грчкото население далеку заостануваше зад македонското и турското. Или околу 78% од освоеното население било од негрчко потекло. Тоа беше сериозен проблем кој требало итно да се решава. Време за решавање преку асимилација немаше. Прашањето можеше да се реши исклучиво преку насилие. Паралелно со окупирањето на македонската територија во Првата балканска војна Грците започнаа со уништување на муслиманските села, со терор, со убивање и прогонување на муслиманското население, а во Втората војна овој геноцид се прошири и врз македонското население.
 Историските околности одеа во прилог на брзите етнички промени во Егејска Македонија. По силата на Нејскиот договор и конвенцијата потпишана меѓу Грција и Бугарија за “доброволно” иселување, а всушност преку разни видови на насилие, Грците принудија над 86000 Македонци да бегаат во Бугарија. Во малоазиската војна (1919 - 1922) Грците ја изгубија војната, и со тоа “мегали идеа” дефинитивно пропадна. Но затоа, пак со Лозанскиот договор за задолжителна размена на население, Егејска Македонија од територија со мал процент на грчко население наеднаш се претвори во територија со (официјално) над 82% грчко население. Околу 350 000 муслимани беа протерани, а 565 000 грчко и голем број негрчко православно население беше населено во окупирана Македонија. Тоа личеше на “големата преселба на народите” позната во Европа во минатите векови. Последен голем бран на македонско емигрирање се случи при крајот на Граѓанската војна (1946 - 1949).
 - И покрај тие големи етнички промени еден значаен број на Македонци остана да живее на своите вековни огништа. По Граѓанската војна продолжува бруталната но и доста успешна асимилација. Но таму каде што тие живеат компактно, се уште упорно опстојуваат. Самостојна Македонија врз нив влијае заразно. Тоа Грција ја плаши. Р.Македонија за неа е “трн во око”. Нејзината економска и политичка афирмација секој пат ќе и’ пречи. Повеќе и одговара полуколонијален статус. Нејзиниот капитал, било приватен, било државен кој интензивно навлегува кај нас ја има токму и таа улога - да го “негува” тој статус. Но најмногу на Грција и одговара за сосед да ја има Србија!
 - Ги теши и ги охрабрува неединството на македонскиот народ поради слабиот патриотизам, постоењето и стимулирањето правата на многу малцинства и особено судирот со Албанците. Многумина, што се гледа и при разните дебати на ТВ каналите, “спасот” го гледаат и го очекуваат од распадот на “Скопската” држава. Ако некој се обиде да ве увери дека Грција е заинтересирана за опстанокот на Р.Македонија заради заштита на својот капитал, тој сигурно ве лаже! Тие би дале уште толку капитал само да не нема. Полошо од нас за Грците тука можат да бидат само Бугарите. Но знаат дека тоа не може да се случи. Букурешкиот договор не важи само за Србија. Според него, во случај, не дај Боже, на екстремен пресврт, на овој простор ќе се врати “стариот газда”.
 - Обновувањето на пропагандите од 19 век во нашата земја Грците успешно го користат. Предмет на “обработување” не се само потомците на бившите Власи - гркомани од Битола, битолско и Крушево туку и потомците на Македонците - гркомамани (во битолско, Струмица, гевгелиско).
 - За сега се се движи во границите на вербалното. Особена агресивност се изразува во историографијата и воопшто во пропагандата.
 При тоа Грците не забораваат да потсетат дека имаат “неослободени” територии во Македонија северно од постојните граници. Официјално тоа го изнесоа на Париската мировна конференција при крајот на Втората светска војна, а последно неофицијално само пред некој месец. Имено при крајот на август секоја година државно се одбележува победата во Граѓанската војна 1949 година. Монархофашистичката организација “Хриси Авги” (Златна Зора) составена главно од резервни офицери тоа го прави со посета на планината Вичо каде што се воделе последните крвави битки. Оваа година “прославата” беше проследена со летоци со кои се бараше “Слобода на северна Македонија!”. Тоа е дело на “екстремисти”, ќе каже некој, но и албанските “борци за човекови права” ги нарекуваат екстремисти!!
 - Нема пример во Европа, да се создаде релативно голема држава (за балкански услови) од туѓи територии и што треба посебно да се истакне, да се создаде “мононационална” (?!) државна заедница од голем број етничко туѓо поробено население. Освојувањето толкава територија беше повеќе заслуга на Бугарија и Србија (тие ја разгромија главнината на турската армија 1912, а Грците доаѓале така - речи на готово) и на нивните непријателски односи (1913), но претворувањето на етничко туѓото население во грчко е заслуга и “вештина” на Грците. Преселбите и насилието ја изиграа главната улога при тоа. Се применуваа и се уште се применуваат и други сретства меѓу кои доста успешно е планското форсирање на институцијата мешани бракови. Во 1958 г. К.Караманлис изјави: Тоа што не успеа да го постигне Метаксас со закон (забрана на јазикот) јас ќе го постигнам со бракот!
 - Треба дебело да се подвлече дека на југ имаме сосед кој не ни го сака доброто и неговата политика спрема нас секогаш ќе биде инспирирана од вкоренатото сваќање создадено по создавањето на македонската држава (1944) и зацврстено по осамостојувањето - дека Р.Македонија, покрај Р.Турција, е најголема закана за целоста на грчката држава. Изјавите дека за Грција на север подобро е да има “слаба државичка” отколку голема агресивна Србија, беа од привремен карактер.
 - Ние директно физички за сега не сме загрозени од југ, но не треба никогаш да се испушта од ум дека сме изложени на перманентно и перфидно национално, морално и политичко нагризување со разновидни “византиски” сретства што во краен случај значи и физичко загрозување.
 - Соседите, во случајот грчкиот, треба добро да се познава како би можело државната политика правилно да се насочува во градењето на меѓудржавните односи. Треба добро да се познава како би можело на време да се реагира и да им се парира на разновидните акции кои имаат поткопувачки карактер. А Грците не следат на секој чекор и не познаваат многу добро.
 - Десетици, да не речам стотици, научни и други работници во Солун и Атина ја следат и ја познаваат нашата целокупната научна и политичка активност. Тимови преведуваат на грчки јазик за внатрешна употреба, се значајно што се публикува кај нас, а има некаква врска со Македонија, односно Грција. Ние многу малку знаеме што се случува кај нив. Не се работи организирано за прибирање на информации.
 На пример многу важниот весник “Елефтеротипија”, кој има специјални страници по историја и често објавува мошне важни документи.
 Грците имаат голем број научници кои не проучуваат нас. За тоа трошат многу пари. Сметам дека ние можеме да имаме барем неколку стручни лица во рамките на Институтот за национална историја кои, на кратко, би имале задача: да ја следат и набавуваат грчката историографска и политичка продукција која се однесува за Македонија; да вршат, по потреба, селективен превод на важни документи; да го следат и проучуваат современиот општествен и политички живот во Егејска Македонија, односно Грција по поделбата на Македонија; да ја истражуваат и проучуваат политиката на Грција кон Р.Македонија и своите анализи и научни сознанија да ги стават на располагање на државното раководство и евентуално на јавноста. Да потсетам дека Грција целата документација за проблемот создаден по осамостојувањето на Р.Македонија (по Лисабон) веќе ја имаат објавено.


 (Крај)

No comments:

Post a Comment