Monday, May 2, 2011

ИСПОВЕД НА ЕДЕН КОМИТА !!!

ИСПОВЕД НА ЕДЕН КОМИТА !!!

Дневникот на Панајот Наумов Робев. Кој е комитата Робев? Роден е во с. Апоскеп-Костурско, учесник во Илинденското востание, а загинал во с.Загоричани 1913 г. за време на Балканските војни.

За време на Илинденското востание водел дневник, во кој ги опишал своите доживувања за време на Востанието. На крајот на Востанието, кога му станало јасно дека е крајот, составил текст, на кој можат да му позавидат многу денешни „патриоти“ и „борци“ за Македонија и македонштината, зборови кои ни се повторуваат и денес... едноставно морате да ја прочитате оваа исповед!!!

 

27. Х. 1903 г. Апоскеп

Чудно нешто е нашата земја! Целиот христијански свет поминал со христијанските идеи, со христијанските заповеди, со други зборови, со христовиот мирен дух на на 19 век. Многу се лажат, тие што мислат, дека поминал и поминува и мисли дека и оди во иднината. Државите, т.е. царствата многу се лажат со тоа. Ако размисли еден совесен човек, ќе разбере, дека христијанските цареви не се христијани, туку варвари и човекоубијци. Најголемиот престап, кој пристапуваат да го направат,  е дека го повикуваат народот да се учи да убива подобни. А Христос кажал: не убивај! Тоа Христос не го кажал само на еден човек, кој ќе го убие престапникот и ќе се расипе, туку го кажал за сите народи. Убие ли некој некого, ајде да го фрлиме во темница и да го унаказиме, но тој човек и покрај тоа си го доживеал унакажувањето,  и ако посака, убива и друг, навикнал тој веќе на темниот живот. Каква корист од тоа? Е добро? Ако представам една држава како тој убиец, кој да ja уништи? Треба да паднат од некоја друга планета луѓе, не глупави и не човекоубијци, за да се уништи царот и сите околу него, кои го учат народот како да ги убива подобните и кои го поддржуваат човекоубиството. Еве пред неколку години ги оставија да се тепаат и убиваат и да губат човечки животи Англија и Трансилванија. Се изгуби народ, останаа вдовици и сираци за никакво и ништо.

Не ли беше подобро на еден општодржавен совет да се реши нивната расправа? Можеше, но сите сме жедни гледачи во претставата да гледаме некакви ужасни сцени, на нас кои не чуствуваме никаква болка. Исто така и за грчко-турската војна (1897 г. б.м.). Тука повторно се оставија ѕверствата, варварствата, агресијата, неверник да убива вистински христијани. Уште по чудно и срамно за христијанските царства. А уште најчудно е за поробените христијани, кои се оставени на турчинот да врши над нив нечуени злосторства и да ги убива. Срамно е за христијанските цареви да гледаат 5 века да беснее и да не го избркаат. Ете оваа година МАКЕДОНИЈА  се дигна на востание да се ослободи од робскиот јарем и да биде и таа, како и другите сестри слободна.  Царевите не го забрзуваат решението за неа, зошто МАКЕДОНЕЦОТ секој ден умира од очај и други злосторства, дури и во зима влегува и се потребни многу работи.

Жално за нас, горко за нас, пак мислат таа да падне во нивните раце. Доле лакомите, прогонете ги! Доле војните! Нека кажат царевите. Доле робството!!! Нека го фрлат оружјето, нека не се учи народот на човекоубиства, туку на работа, така луѓето да имаат спокојство, мир љубов и добро. Дали ќе седат мирни царевите на престолот и ќе мислат така, но дали ќе направат? Одговор сакам.

No comments:

Post a Comment