Friday, December 28, 2012

Македонско јадење на словенскиот ручек во „Виена“


Деновиве бев на словенскиот ручек во „Виена“. Кога сум на овие четврткови ручеци, неволно ме поразува некаквочудно и жално совпаѓање, насекаде каде што се судираат словенските интереси, бездруго веднаш се појавува веќе готовиот австриски рецепт, веќе се чувствува мирисот на „виенската кујна".И би сакал да верувам, би сакал да мислам дека овие ручеци не се фатално предзнаменување на вечната зависност од „виенската кујна“, и штом ќе треба да се приготви словенско јадење ние нема, како криловскиот „Васка“, да слушаме и да јадеме кога браќата Словени ќе ги донесат на нашите ручеци своите словенски таги, своите словенски мисли, и врз нашите решенија нема да повлијае призракот на блиската и заедно со тоа далечна за нас „виенска кујна", туку тој ќе ни вели: „Спомни си за атињанците“!
Јас го одбележувам овој последен ручек, на кој потомците на светите Кирил и Методија не нагостија со своите национални македонски јадења приготвени со солзи, наситени со крв, зашто чувствувам долг да му ги претставам на општеството овие со крв и солзи напишани зборови на Македонците, особено затоа што овие зборови, обраќања кон Русија, запазувајќи ја за неа целата висина на голема словенска држава, не повикуваат за ново пролевање руска крв за Словените.
Македонците, откако ни ја претставија сликата на ужасната положба на својата татковина, истовремено ни го оцртаа патот за спасувањето на Македонија од пропаста, а Европа од војната. Подолу јас го наведувам во целост писмото добиено од Битола, а сега ќе се запрам на некои мисли што ми ги искажаа претставниците на Македонската колонија кога ме посетија следниот ден по ручекот.
Да, рекоа тие положбата е критична. Во Македонија мириса на смрт. Единствениот спас на нашето дело, на нашата независност, а заедно со тоа и спасот на Европа од војна, тоа е вмешувањето на Русија, но не во форма на поддршка на словенскиот сојуз против Турција, ами морална поддршка на Македонија, брз и решителен притисок врз Турција заради неодложно спроведување реформи во Македонија. Овој морален притисок ќа го спаси делото, ќе го отстрани надвиснатиот призрак на војната.
Македонците јарко ми ги оцртаа сите лоши последици од обединувањето на Словените за борба со Турција и решителната непожелност сојузот да биде поддржан од Русија.
Без поддршката од Русија овој српско-бугарско-грчки сојуз нема да ризикува да и објави војна на Турција; сите нивни надежи се на Русија. „Австрија знае велат Македонците — дека нема да има победа на сојузот без помошта од Русија, па затоа веќе си ја подготвува  улогата на помирувач: ќе се дигне преку Пазарскиот санџак и ќе ја окупира Македонија. Оваа окупација за Словените ќе биде полоша од зависноста од Турците, бидејќи при последнава положба сетики има надежи. Самата победа на словенскиот сојуз, ако се реализира, апсолутно е непожелна од словенско гледиште, зошто тоа ќе биде парастас над потомците на Кирила и Методија: ќе ја разделат Македонија на три дела, ќе биде привремен триумф над нејзиното тело, но никој нема да биде задоволен: ќе се наложи да војуваат со делачите, и нема да има бел ден за Словените. Ако Русија му укаже поддршка на словенскиот сојуз, што малку е веројатно, тогаш резултатите бездруго ќе бидат европска војна и разделба на Македонија ќе се наруши европската рамнотежа. Ако Русија, велат Македонците, морално се замеша во спроведувањето реформи од Турција во Македонија, ако ја помогне нејзината независност, автономијата, по можност со христијански губернатор, тогаш со тоа таа ќе ја покаже пожелноста за поддршка на потомците на светите Кирил и Методија. Во Европа ќе биде зачувана рамнотежата, ќе се прекратат раздорите помеѓу балкансккте држави заради Македонија.
Македонците сакаат политичка слобода, но и општественото мнение (народот) во Србија и во Бугарија исто така сака слобода за Македонија, бидејќи тогаш Македонците ќе си се вратат во татковината. Се разбира, во Бугарија и во Србија има и стремежи за создавање Голема Бугарија или Голема Србија, но тоа не е гласот на народот“.
Во овој глас на крвта и душата на Македонците мене особено ме опфати мислата за големата улога што може Русија бескрвно да ја одигра во ова дело за спасување на драгите на Русија потомци на Кирила и Методија. „Не се сака активно учество на Русија, ние не бараме ваша крв, се слушаат зборовите на Македонците: ние веруваме во величината на моралната моќ на Русија, ние сакаме свесно да влеземе во заедницата на државите на Европа, ние сакаме мир во Европа и благосостојба на браќата Словени. И таа верба во моќта на рускиот збор во Европа не треба да биде угаслива: Русија треба да изврши морално влијание врз Турција, за неодложно спроведување реформи во Македонија" и да ја олади пепелта на словенскиот сојуз што може да ја наруши европската  рамнотежа. Русија треба да го направи ова како голема словенска држава, во името на запазувањето на својот престиж кај Словените и во интерес на европскиот мир".
Така зборуваат Македонците.
Статијата е објавена во Петроградскиот весник „Гражданин“ (бр. 37, 16.IX.1912)

Уредил: Андонов Благојче

Под победничката кола

Под победничката кола

Во тешкиот момент за својата татковина ,група Македонци во русија почнуваат да го издаваат својот орган заштитник „Македонски глас„.Овој тежок , но во исто време и мошне важен момент , е решавачки.
Судбината на Македонија,која се наоѓаше под петстотинигодишно турско ропство,„несреќната земја„ , „земја на раздорите„ , што во текот на многу десетолетија ја обезпокојуваше Европа,која не можеше да дојде до цврсто и определено решение за македонското прашање,сега се завршува катастрофално.
Досега ниту спогодбите на големите држави,ниту австро-руските договори,ниту турскиот устав не можеа да и ги дадат на оваа земја со тримилионско население ветуваните и очекуваните реформи.Новосоздадениот Балкански сојуз на четирите држави,вети да стори повеќе – да и даде слобода.
Пред половина година словенските топови му заговорија на целиот свет за Македонија.Зората на војната ја огреа македонската преродба ,грмежот на топовите ја разгласи песната на слободата,бртската крв ги обои со црвено знамињата на независноста.
Но тоа беше само почеток на последниот стадиум на македонското прашање ,убав почеток ,неизмерно херојство и...измамлив.Настаните пто дојдоа потоа,чекор по чекор ја покажува нереалноста на појавената фатаморгана.Суровата стварност ги разбиваше соништата на македонсите за слободен и независен живот.Лист по лист ги кинеше плодовите од  дрвото на слободата ,додека не остана гол трупец со сиромашни суви гранки кого почнаа да го кршат на делови.
Се покажа дека сите возвишени зборови , што ги искажуваа во почетокот на војната за „ослободителната„ улога ,за „заштита на браќата„ – исчезнаа како дим при првите знаци на победата.Бугарскиот  и српскиот манифест , што го прогласија “последниот кртоносен поход“ , премногу брзо станаа историски документи за да можат сериозно да бидат примени во современата положба на работите на Балканот, особено во македонското прашање.
До Балканската војна во 1912 година постоеја малите сепска и бугарска држава, чиј глас Европа воопшто не го земаше предвид.Секој свој чекор тие го правеа плашливо, огледувајќи се околу себе,молејќи за поткрепа,барајчи сочувства.Поради таквата положба,почнувајќи ја војната со Турција,тие мораа да си обезбедат нмешање отстрана,што можеше да се постигне единствено со изјавата за некористоњубивоста на својот потфат , за возвишените цели на справедливоста ,слободата и човечноста од кои се раководеа како војувачки страни.
И треба да се признае дека с тоа направија добар потег;во краен случај,во очите на европското јавно мислење војната беше „ослободителна“.
Но Лозенград и Куманово им дадоа можност на Бугарите и Србите да се експонираат најавувајќи ги своите државни задачи , својата вистинска намера.
И Македонија – „ослободената„ Македонија – падна како прва жртва на растежот на новите сили на Балканот.На нејзините полиња ,завојувани од Турците , се судриа нови – и не една ,туку три – непријателски сили и тие го смачкаа живото тело под своите победнички коли.Великобугарската,великосрпската и панелениската идеја ја третираат Македонија како своја пљачка , и се готови ,токму заради неа , да се бијат и со нови потоци крв да ја залијат многунамачената словенска земја.
Што да прават со неа – со истраданата ,обезсилена земја , што други ја раскинуваат на делови?Одговорот е еден – да се борат.Но нема сомневање – силите на Македонците се слаби и резултататите на нивната очајничка борба ќе бидат за нив оплакување . Од меѓусојузничката војна Македонците не че добијат многу , а без сомневање ќе настрадаат.Кој и да ја владее Македонија , за секој еден таа ќе биде средство за закрепнување на туѓата државност.Македонија нема своја државност,но таа може да постои при услов , да се изрази силен стремеж за независност , ако во неа остро се чувствува неопходноста од автономно постоење и во колку државите ,главно Русија ,му излези во пресрет на тој стремеж.
А Русија би требало да му излези,имајќи ги предвид општословенските и руските интереси,со кои наполно се согласува идејата за автономна Македонија.
Австрија ја создаде државата Албанија од ништо,како повод за продолжување на збрката на балканот.Русија може како против тежа на Австрија да и даде државен живот на оваа земја што пет векови се бореше за својата слобода и што се затекна на местото каде се крстосуваат три државни патишта – т.е. на Македонија.
Автономна Македонија во составот на Балканскиот сојуз – тоа е гаранција на мирот сред Јужните Словени.

 А.Новгородски.
„Македонски глас„ број 1
9 јуни 1913 





Thursday, December 27, 2012

„Меморандум„ до Руската влада од 1902 година





1902, ноември, 12, С.-Петербург

Bo меморандумот упатен до руската влада, потпишан од Стеван Јакимов Дедов, се изнесува разработен проект за мирољубиво, т.е. по еволутивен пат, решавање на македонското прашање. Се бара признавање на националната посебност на македонскиот народ и создавање автономна Македонија - најпрвин во рамките на османлиската држава, а потоа и како одделна држава на Балканскиот Полуостров под заштита на големите сили. Меморандумот е поднесен во времето кога извесно подобрување на положбата во Македонија било прифатено како неминовност и од големите сили. Се укажува дека слободна Македонија од своја страна во политички, национален и црковен однос ќе се погрижи да ги привлече кон себе соседните држави во федерација и ќе ја исполни својата мисија мирно и тивко.

МЕМОРАНДУМ

... Од сето досега речено е јасно дека за подобрување на положбата на христијанското население во Македонија како прв чекор треба да послужи обединуваньето на словенското население како најзначително во Македонија. Тоа обединување треба да биде како национално така и духовно. За тоа не се потребни никакви револуции; би било доволно руското општествено мнение, заедно со руската дипломатија, да повлијае врз балканските држави за последниве да се откажат од својата завојувачка политика и да ги отповикаат од Македонија своите пропаганди; и ако тие сакаат, од каква и да е хумана гледна точка да ги помогнат своите „браќа“, како што имаат обичај сега да ги нарекуваат Македонците, ќе се најдат илјадници други начини да ги изразат своите братски /чувства/. Co отповикувањето на пропагандите ќе престане антагонизмот меѓу населението; словенското население ќе се обедини во една компактна маса и секогаш ќе биде во состојба да им даде отпор на сите антинационални текови. Сево ова, како што веќе рековме, може да се направи тивко и мирно, по еволутивен пат, без нарушување на мирот и уништување на словенскиот елемент, а дотогаш додека албанското прашање не созрее политички и национално, дотогаш додека да се реши прашањето кој ќе ги завладее Дарданелите, дотогаш Македонија volens nolens, по неопходност, треба да биде составен дел на Отоманската Империја, зашто секакви востанија не можат да дадат никакви други резултати, освен истребувањето на словенското население, а тоа можат да го сакаат само непријателите на словенството и православието. Единствените подобрувања што можат засега да се направат и со кои треба да се согласат и балканските држави се сведуваат, според нашето мислење, на следново:
1. Признавање на македонските Словени од страна на Турција како одделен народ со одделен литературен јазик, што рамноправно со турскиот станува официјален јазик во трите вилаети на Македонија - Косовскиот, Битолскиот и Солунскиот, и признавање на самостојна/македонска/ црква.
2. Назначување на еден генерал-губернатор и еден негов помошник за оваа провинција од споменатите три вилаети. Генерал-губернаторот може да биде турски државјанин од мнозинската националност во таа провинција, а неговиот помошник од помалку застапената националност.
3. Месно изборно народно собрание и дарување на Македонија органски статут од Неговото Императорско Величество Султанот.
4. Спроведувањето во живот на правата дарувани од Н. И. В. Султанот на Македонија се гарантира од европските големи држави итн., итн. (како и провинцијата Либан).
На ваквите реформи не може да не се согласи турската влада. Досега Високата порта се извинуваше дека и самата не знае на каков начин да ги исполни реформите предвидени во 23-от член од Берлинскиот договор, бидејќи во прв план треба да се реши прашањето на јазикот, зашто Македонија во сегашното време како да претставува конгломерат од јазици и народности.
Разделувањето пак на сфери на влијанија во Македонија, како што предлагаат Србите и Грците, е невозможно. За нејзиното конечно разделување меѓу Србите, Бугарите и Грците таа пред се` треба да престане да постои како турска област, а тоа Турција нема да го допушти без војна, а Европа пак не може да го допушти последново.
Ете зошто, тоа се минимални права и реформи кои можат да се бараат и кои можат да се реализираат при постојните политички околности, и на тој начин се зачувува целоста на Турција, гарантирана од големите држави, што е неопходно и за зачувувањето на европскиот мир.
Не треба да зборавиме дека таквата слободна Македонија ќе биде единствена држава на Балканскиот Полуостров што ќе го обрне целото свое внимание врз својот внатрешен живот, нема да има никакви завојувачки планови, нема да има зошто да се плаши од своите соседи, бидејќи нејзиното постоење како одделна држава ќе биде осигурено од големите сили. Таквата слободна Македонија пак од своја страна во политички, национален и црковен однос ќе се труди да ги привлече кон себе соседните држави во федерација и ќе ја исполни својата мисија мирно и тивко. Со еден збор, само таквата Македонија може да се јави на Балканскиот Полуостров како „Пиемонт за обединуванье на балканското словенство и православие“.
Излагајќи ги на брза рака нашите убедувања за интересите на македонското словенско население, ние се надеваме дека императорската руска влада внимателно ќе ги ислуша и нема да го откаже своето содејство за исполнување на толку тешката задача, како што е задачата за политичко, национално и духовно ослободување на македонското словенство.
Според тоа, ние сме длабоко убедени дека моќниот глас на руското словенско општествено мислење ќе побрза кон Вашиот благороден апел и ќе Ви ја укаже неопходната поддршка да ги изгладите (да ги израмните) неправедните и лукави дејствија на европската дипломатија и да му помогнете на еден беден народ.

Имам чест да останам кон Вашето превосходство со длабока почит и преданост.
Стеван Јакимов Дедов

Државен архив на Југославија. Белград, фонд на JOB. М. Јовановиќ-Пижон, 48/2256/3. (Преземено од: Блаже Ристовски, Македонска нација, 2, Мисла, Скопје, 1983, стр. 70-72.)

Thursday, November 22, 2012

МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА


Почитувани читатели,

Секој почеток е тежок, но со макотрпна работа се добиваат одлични резултати. Нашето списание секојдневно добива сè повеќе прекрасни соработници и соговорници кој со своите дела го збогатуваат и афирмираат македонскиот бит.

Во најновиот број на „Македонска ризница“ ја издвојуваме соработката со ценетиот господин Томислав Османли, како и интервјуто со д-р Ели Луческа, директорката на Институтот за Старословенска култура.

Како и во претходните броеви и овој број е исполнет со делови од нашето минато и сегашност, преточени во документи или фотографии.

„Македонска ризница“ постојано ги следи активности на нашите македонисти и големи афирматори на Македонија во светот. Во овој број ќе се запознаеме со активностите на македонска фолклорна група „Охрид“ – предводена од Тунде Хатала од Унгарија.

Со почит,

Главен и одговорен уредник

Благојче Андонов


Thursday, September 20, 2012

ХАНС ЛОТАР ШТЕПАН ПРЕД ЕВРОПСКАТА АКДЕМИЈА ВО БЕРЛИН












На 19 мај 2005 година Ханс Лотар Штепан одржа предавање во Европската Академија во Берлин  за своето истражување на македонската историја кое што го објави во својата книга „Македонси јазол„

Во прилог можите да го прочитате целото предавање на германскиот амбасадор Ханс Лотар Штепан


Kнигата за која денеска ќе зборувам  се  однесува на предисторијата на Република Македонија. За оваа приказна ги одбрав следниве периоди: од Берлинскиот конгрес 1878 се' до двете Балкански војни 1912-1913, значи речиси до Првата светска војна. За овој временски период со месеци барав материјали во германските архиви и за свои потреби оставав да ми се направат копии. Кога за прв пат појдов во политичката архива за да барам акти за Македонија, очекував да најдам мала тетратка што брои 20-30 странички, а налетав на материјал од околу 2.000 дебели томови. Од нив 154 беа за Македонија.
Македонското прашање уште во 19. век било од големо значење и уште тогаш било мошне комплицирано, односно уште на почетокот на 20. век е познато како 'Македонски јазол'.
Важно е да се напомене дека историјата на словенските Македонци започнува далеку порано од 1878 година, бидејќи постојат податоци за словенските Македонци уште од времето на преселбата на народите. А токму тоа е приказната која вас ве интересира! Но постојат и податоци за античките Македонци од пред Христовото раѓање. Помеѓу античките и словенските Македонци постојат многу заеднички работи, како на пример помеѓу денешните Бугари и Тракијците, Романците и Дакијците. Обата народи, античките и словенските Македонци имале нерешлив проблем, фактот што соседи им се Грците. Познато е дека постарата историја се занимава со нивното влијание до денешен ден.
Оттука, во поранешните извештаи се покажа од голема помош тоа што старите знаења можат малку да се освежат и да се направи осврт на она што веќе се знае, бидејќи една хронологија понатаму ги поедноставува историските поврзаности и осврти. Историскиот развој го поделив во 6 фази:
ПРВА ФАЗА: МАКЕДОНСКА ХЕГЕМОНИЈА
Секако не морам да започнам со јонско-дорските преселби или со династиите на античките македонски кралеви во 12. или 13. век пред Христос. И персиските војни од 500 г. пред Христос исто така нудат неколку познати имиња кои ни се познати од времето на грчките порази кај Ефес или Милет; или пак нивната победа кај Маратон 490 (Милитиадес против Дариус Први); или познатата морска битка кај Саламис 480 п.н.е. помеѓу Темистоклес и Ксерис. Не треба да се изостави и спомнувањето на бројката 480, годината кога се случил трагичниот пораз на Леонидас кај Термопилите.
За нашата денешна тема од многу поголемо значење е еден друг датум: познато е дека сите народи кои не зборувале грчки, Грците ги сметале за варвари - па така и Македонците. Затоа, како што прочитав кај професор Розен од Универзитетот во Бон, на Македонците доцна им било дозволено учество на Олимписките игри, имено дури во 476 година п.н.е. Исто така е познато дека денешните Грци многу полагаат на блискоста со античките Македонци, Филип и Александар.
Оттука, се наведува дека Грција, со стапу-вањето на Филип Втори на власт, во 360 год-ина п.н.е., поточно во 359 година, ја зголемува зависноста од Македонија. По поразот на Грција во 338 година п.н.е. кај Хаиронеја, Филип тоа го забележува, а историските книги го именуваат тој период како 'Македонска Хегемонија' и 'Коринтски сојуз'.
По изгубената грчка ослободителна војна (323-322) Атина е опседната од македонски трупи. 150-годишнага македонска хегемонија над Грците завршува после третата војна на Римјаните против Македонците. Тоа значи, по поразот на Македонците кај Пидна, 168 година п.н.е, кога Македонија и Грција стануваатримски провинции.
Македонската хегемонија преминува во римска окупација.

ВТОРА И ТРЕТА ФАЗА: РИМСКА ОКУПАЦИЈА И СЛОВЕНСКА НАЕЗДА

Како што е познато, Римската окупација на Балканот, на Рајна, во Галија и Северна Африка траела се' до 400-та година п.н.е. Тогаш Римјаните морале да се повлечат во Италија за да ја бранат својата граница која била загрозена во налетот на Германите.
Во 5. и 6. век, како што објаснуваат историчарите, Словените навалуваат кон југоисточна Европа во огромен број. Тие не го запоседнуваат само Балканот, полуостровот Пелопонез, туку доаѓаат и до Анатолија и Крит. Градовите, бреговите и островите се исклучок. Од нив по неколку векови доаѓа до 'регрцизација' на Грција и похристијанување на Словените.
Поголемиот број словенски племиња ги задржале своите стари имиња и во новите населени области, на пример Хрватите или Србите. Оние Словени (ова е сега многу важно), кои се населиле во областите на античките Македонци и Тракијците, ги преземаат имињата од местата во кои се населуваат.
Македонците и денеска го носат тоа име. После 1.500 години!!!
Тракијците, наспроти ова, исчезнале после Балканските војни.
ЧЕТВРТА ФАЗА: АСИМИЛИРАНИТЕ БУГАРИ Г0 ЗАДРЖУВААТ ИМЕТО
Бугарите под водство на нивниот хан Аспарух со векови лутале од Јордан до источен Балкан. Тоа се случувало речиси 150 години (значи 5 генерации). Подоцна, кога Словените ги стандардизираат делата од науката за историјата, велат дека Бугарите по потекло се турско-татарско племе. Ова не треба да се меша со Турците-Османлии, кои дури 700 години подоцна, во 14. век, и тоа од Анатолија, значи од Југот, се поместуваат на Балканот. Значи, Бугарите биле доволно јаки да ги истиснат Словените на источен Балкан и да им ја преземат власта. Но бидејќи Бугарите биле малубројни, тие се асимилирани од страна на Словените.

Овие случувања се многу стари, но се од големо значење а се однесуваат на политичките односи помеѓу Бугарија и Македонија до денешен ден. Е, сега, тука има една посебност, а тоа е дека Бугарите го прифатиле словенскиот јазик. Тоа и не е толку посебно, но името Бугари си го задржуваат. Тие и новиот словенски јазик го нарекуваат бугарски јазик. Од оваа гледна точка може да се направи паралела со сегашноста, а тоа е дека, како што знаете, Бугарите се убедени оти Македонците се всушност Бугари и зборуваат бугарски јазик. Би било целосно поинаку кога Бугарите, со нив и Тракијците и запоседнатиот дел од Македонија би зборувале турски. Но тоа не е случај веќе 1000 години.

ПЕТТА ФАЗА: ОПСАДАТА НА ВИЕНА

Во 14. век Османлиите за прв пат преку Дарданелите стапнале на европско тло, кај Галиполи. Во 1354 г. започнува голема војна која ги вовлекува речиси сите балкански народи: Бугарите, Србите, Грците, Македонците, Албанците итн. Но и народите на Црно Море и на Кавказ. Турците го напуштаат европското тло по поразот во морската битка кај Ел Лепанто, во 1571 година. Некои историчари мислат дека втората опсада на Виена од 1683 година, како и македонското Карпошово востание од 1690 година биле извонредно значајни настани, бидејќи царот Леополд од Австрија на Македонците им испратил писмо за поддршка.
За време на Турците, во 1762 година на Православната патријаршија во Константинопол и' успеало да го премисли султанот и на македонската црква, која дотогаш била самостојна, да и' го одземе автокефалниот статус. Со тоа започнала црковна зависност на Македонија од Византија, која траела се' до 1967 година - значи 200 години, но тоа не значело и политичка зависност од Грција.

ШЕСТА ФАЗА: ВОЈНИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОСМАНЛИИТЕ

Сто години подоцна насекаде на Бапканот започнале војни за независност од Османлиското царство (под влијание на Француската револуција и по примерот на Австро-Унгарија). Пред се', во Србија (1804 и 1815), потоа во Грција, Романија, Црна Гора итн. Најпрво им успева на Грците, во мирн-одопски услови во 1829 г. меѓу првите да ја извојуваат својата независност. Првиот грчки крал бил Баварецот Ото фон Вителсбах. 30 години подоцна за негов наследник на грчкиот трон доаѓа синот на кралот Кристијан, Георг! При сите овие случувања големите сили Англија, Франција и Русија во играта ги замешуваат своите прсти.
Вистинска помош во оружје и војска пружаат само Русите, кои се чувствуваат одговорни за своите православни браќа на Балканот. Последната руско-турска војна во серијата од многуте војни против османлиското царство за ослободување на Европа, избива во 1877 година. Војната завршува во корист на Русите и (ова е повторно од централно значење) сите дотогашни турски колонии, освен Албанија -имено Бугарија, Македонија и Тракија се осло-бодени. Русите се наоѓале пред Константинопол (си ја претставуваме тогашната драматика) и пред остварување на нивниот дамнешен сон - поседување на Златниот рог. Тука е и пристапот кон топлата вода на Средоземното море, но тогаш Англија и Австрија притискаат со војна и царот мора да се повлече (тој пред 20 години ја губи Кримската војна во истата коалиција).

Во меѓувреме, Санкт Петерсбург потпишува договор со Турците во Сан Стефано, со кој Русите нивната вкупна освоена територија, заедно со Македонија и Тракија, ќе им ја дадат на Бугарите. Меѓутоа Англија претходно има склучено договор со Русија дека нема да има голема држава на Балканот, по што доаѓа до спротивставени ставови околу договорот за слобода според Кримската војна. Англија под никакви услови не се согласува Русите преку Бугарија да стигнат до Средоземното море. Тие преку Ст. Петерсбург принудуваат учество на конференција на тогашните 6 европски големи сили. Оваа конференција се одржала во Берлин. Оттука, Берлински конгрес.
На овој конгрес се поништува договорот од Сан Стефано. Поради тоа, ова случување е од голем интерес: потпишувањето на договорот од Сан Стефано се случува на 3 март 1878. Истиот ден, во 1988 година Бугарија го прогласува за национален празник. Посматрајќи го фактот дека Бугарија во 20. век учествува во 4 војни, овој чин може да се толкува и како обид за ревизија на историјата. Да се надеваме дека ЕУ и НАТО при нивните преговори со Бугарија ќе се осврнат на значењето на овој датум. Во обединета Европа времето на ваквите агресивни гестови треба да е минато.
Следува наводниот почеток на македонскиот проблем кој е од решавачко значење за понатамошниот развој на Балканот - дека под притисок од Англија, провинциите Македонија и Тракија ќе и' бидат повторно вратени на Турција. Со тоа ќе им се врател статусот на колонии и понатаму би биле третирани како целна мета на империјалистичката експанзивна политика на соседните држави. Тука и започнува моето истражување. Валканските држави Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора, како што може да се прочита во секоја историска книга, се обидувале со години, односно со векови да се здружат во сојуз, за да ги освојат териториите на Македонија и Тракија. Но тоа не било така едноставно, не особено затоа што не можеле да ја победат меѓусебната недоверба. Освен тоа, тие постојано биле во страв дека Турција повторно може да ги нападне и повторно да ги стави под турски јарем. Исто така и Австро-Унгарија била балканска опасност која и покрај нејзината експлозивна мешавина на народите, тежнеела кон нови освојувања на територии на Бапканот.
Ова нејзино настојување ја наведува на неочекуван акт на агресија врз Босна и Херцеговина! (Нема да претераме ако кажеме дека сите ние, ако се има предвид Сараево 1914 година и ден денеска треба да ги сносиме последиците на ова империјалистичко дело). И покрај недоволните претпоставки, сепак во 1912 година се склучува Бапканскиот сојуз, а потоа избива и Првата светска војна.
Тука веќе се чувствува судир на чудење и колебање. Врз која основа четирите држави (по 35 години запудни обиди) токму тогаш успеваат да се обединат? Како можеле четирите балкански кралства во 1912 година да ризикуваат и да се доведат во ситуација поради Македонија да бидат нападнати од Османлиското царство, дотолку повеќе што самите со свој труд и мака го отфрлиле долговековното ропство од страна на турскиот колонијапизам, а притоа останале целосно осиромашени и слабо вооружени? Зошто големите сили, поточно членките на Антантата (од 1904 година) Англија и Франција, плус Русија (од 1907) го даваат своето одобру-вање за војна на балканските држави против Османлиското царство? Бидејќи без ова одобрување овие држави не би имапе шанса да започнат војна. И конечно, сите балкански држави зависат од големите сили, зашто тие им овозможуваат независност, тие случуваат за нивните граници и им ги наметнуваат европските владетели како водачи на државите. Случувањата не оставаат место за било какво двоумење! Од документите произлегува дека помеѓу Антантата и балканските држави постои договор.
Пристапувањето на балканските држави кон Антантата (што подоцна и се случи) значеше затворање на воениот прстен околу Германија и Австрија на југот, бидејќи Антантата веќе имаше направено договор на Запад, Исток и Север.
Сепак, Антантата имала свој однос кон балканските држави при освојувањето територии на Македонија. Ветувањето на Антантата било договорено како тајна конвенција помеѓу Русија, од една страна и Србија и Бугарија од друга страна. Како што подоцна произлезе, оваа спогодба била потпишана уште во 1911 година. Се работело, значи, за навистина долго плани-рање и заговор против Германија. Првата светска војна започнала дури во 1915 година. Дури сега, кога се работи за заштита на оваа конвенција, балканските држави чувствуваат дека се во состојба да склучат Балкански сојуз (за да ја надминат меѓусебната недоверба) и да отпочнат војна против Турција без да се плашат дека ќе бидат нападнати од страна на Австрија. Целта била, како што е наведено, да се освои туѓа територија, а за таа територија (од  Берлинскиот конгрес т 1878) доагаат предвид  последните турски провинции на европското копно. Како мамка, а истовремено цена и жртва за остварување на целта за заокружување на Антантата, се појавуваат Македонија и Тракија. Бапканските држави и' служат на Антантата како инструмент за комплетирање на опколувањето на Германија и Австрија во претстоечката војна во 1914.
При подготвувањето на овој план впечатлива била познатата средба на англискиот крал Едвард Седми со царот Николај Втори во Ревал, во јуни 1908 година. На оваа средба многу внимание им се посветува на информациите за Македонија и обилно се зборува на таа тема. Морало внимателно да се слуша, бидејќи мирисало на заговор, заведување, зашто и покрај сите симпатии кон Македонија, таа тогаш немала толку големо значење за рускиот цар и англискиот крап заедно да одржуваат билатерална средба. Се случуваат многу повеќе сомнителни моменти отколку што печатот можел воопшто да објави или да демантира. Оттука и не не чуди што принцот Вилхелм Втори и неговиот рајхсканцелар фон Билов, во јавноста говореле за нивниот страв доколку дојде до опкружување преку Антантата. Секој кој се занимава со Првата светска војна и нејзината предисторија има прочитано дека во негово време ова било предмет на општо говорење. Меѓу другото, на т.н. семејна средба во Ревал учествувала и сопругата на грчкиот крал, грофицата Олга. Овој зачудувачки податок ми дава за право да помислам дека кралот Георг во времето на неговото владеење од 1863 па се' до 1912 година неуморно молел кај своите роднини на европските дворови за поддршка при зачувувањето на територијата на малата Грција, и затоа никогаш не дошле во прашање други територии, освен последните турски колонии на европско тло. Врз основа на актите може да се види кои семејни односи и врски кралот Георг ги користел за подготовка на антимакедонско расположение.
Што се однесува до династичките односи помеѓу грчките кралства и европските монархии, тука морам да се навратам и на трагичната поделба на Германското царство за да можам да зборувам за македонското прашање. Тоа не се разликува од индиректните, досега непознати заплети во балканските афери (за кои веќе зборував), бидејќи Антантата ги користи Македонија и Тракија како цена за нејзиниот план за опколување на Германија. Во основа не требало балканските држави да ја отпочнат војната против Османлиското царство и покрај гаранцијата од Русија, т.е и покрај тајната конвенција, бидејќи германскиот цар Вилхелм Втори под нормални услови никогаш не би го допуштил тоа, бапканските кралства од чист бес (тука и се работи за бес) да го нападнат Султанот. Но се случило нешто на романтичен план, кое на целосно банален начин ги исфрлило од колосек. Саканата сестра на Вилхелм, Софија, се омажила со грчкиот крал Константин. Во текот на 25 годишниот брак, од неговото склучување во 1888 и првата Балканска војна во 1912 г., на обајцата очигледно им успеало да го убедат Вилхелм да ги реевропеизира христијанските провинции на европскиот континент. Во секој случај, кралот Вилхелм Втори од чисто приватни мотиви, за доброто на Грција и против Султанот - се одлучува против Македонија. Со тоа, одговорот на прашањето зошто малите балкански држави го презеле ризикот да му објават војна на Османлиското царство во 1912 година, станува комплетен.
Ако се фрли само еден поглед на картата по бапканските војни, може многу јасно и прецизно да се процени, кои македонски области соседните држави ги освоиле како победници. Бугарија освоила само 10 отсто од територијата на Македонија - Пиринска Македонија, и тоа за време на Втората балканска војна. Грција си го зела јужниот дел од Македонија (Егејска Македонија) со отприлика 50 отсто од територијата на Македонија и Србија го добила Вардарскиот дел од Македонија (38%). Во југозападниот дел се препознава дека и Албанија зела еден мал дел од Македонија и тоа делови од Охридското и Преспанското езеро, иако не учествувала во Балканските војни!? Збирот од овие четири дела по некоја логика ја дава целата територија на Македонија.
Една додатна забелешка за Србија: српскиот дел од Македонија од 1912 година е идентичен со границите на Република Македонија од времето на југословенската федерација. Со основањето на Југославија во 1944 година Тито на Македонците им дава статус на република (држава). Границите на таа држава се идентични со границите на денешна независна Македонија од 1991 година. Поради тоа, се' до падот на Милошевиќ, Македонците живееја во страв дека Србија може нивните трупи да ги испрати повторно назад во Македонија. Од тука следува дека Србија е единствената балканска држава која со империјалистичкиот јазик од 19 век - го изгуби пленот од Балканските војни од 1912/1913 година. Парискиот мировен договор по Првата светска војна го потврдува поместувањето на границите. И покрај тоа, по македонската независност во 1991 година, секогаш кога во Грција се покажува картата на целата територија на Македонија, се прави спектакл.
Со тоа станува видлив еден дел од денешните проблеми: Грците не сакаат да се присетуваат на минатото. Тие, како и другите соседи, заробиле голем дел од македонската територија во 1912/13 и тоа под срамен изговор дека сакале ортодоксните христијани да ги ослободат од исламските окови. Наспроти ова, Македонците од страна на Грција, Србија и Бугарија доживуваат полошо ропство од турското. Зборот 'полошо' во контекст на ропството на Македонија, го употребив во смисла на тоа за да објаснам зошто европскиот јарем од страна на христијанско-православните соседни држави бил пототалитарен - полош во смисла на егзис-тенцијалното негирање - полош од азијатскиот. Од овие размислувања прозлегува и образложението за тврдокорниот став на Грција против легапното име на Македонија.Не е ни чудно што тогашните освојувачи на територии под маската на молчење воопшто не сакале да мислат за овој напад врз правата на народот. Атина најрадо би ја избришала Македонија од картата (барем нејзиното име) за да ја задржи фикцијата за името како и фикцијата дека античките Македонци секогаш биле Грци.
Прашањето за името стои во центарот на денешната критична надворешно - политичка положба на Македонија. Во 1992 година Атина и' го дава провизорното име ФИРОМ на Македонија во Европската унија и во ОН, бидејќи тогаш на земјите членки не им беше јасно и немаа точни познавања за историјата на Македонија. Грчкиот аргумент бил дека Тито и го дап името Македонија на делот од фед-ерацијата Југославија составена од 6 републики. Денеска расправата стигна до оваа точка: Грција е наводно спремна, името Македонија да го прифати, но со додавање на додавката Скопје и сето тоа да биде со кирилични букви. Како дошло до тоа - Франција, па и Германија, солидарно да ја поддржуваат Грција, а тоа се случува и понатаму, и покрај тоа што половина-та од земјите членки на ОН, а пред се' трите големи светски сили Русија, Кина и од неодамна САД, ја прифатија Македонија под уставното име!? Одговорот е мизерен, иако во науката за историјата најавата за тоа постои речиси 85 години, уште пред Првата светска војна. Така, во мојата книга сум запишал дека поради пресвртот во 1990 година, според меѓународната поставеност на работите, и другите членки на некогашната Антанта требаше да го прифатат и македонското уставно име, како што тоа го направи поранешната членка на Антантата -Русија. Но тоа не го сторија. Повеќе изгледаше дека се подготвени нивното гледиште да го насочат кон она на Грција и тоа за една тотално неприфатлива игра на Грција. Ако може да се тргне од тоа дека ним не им претставува посебно задоволство да го поддржат ставот на Атина, тогаш останува заклучокот дека овие земји морале да најдат сопствени цврсти интереси кои ги вметнале во игра.

Кога на пример сега Англија и Франција се дистанцираат од кршењето на правата на народот, од анексијата врз Македонија и Тракија преку Грција, којаја поддржуваат од 1912 година, и по Првата светска Војна со париските договори од 1919/20 ги имаат санкционирано овие состојби, тогаш јавноста може евентуапно да го постави прашањето: зошто Антантата во нејзино време ги подцржувала Грција, Бугарија, Србија при кршењето на правата на еден народ? Тогаш можеби ќе произлезе дека политиката на Антантата имала за цел на маргините, преку Балканскиот сојуз, не само да поведе голема војна против Германското царство, туку и да ја инсценира. Така Германците, а посебно Крапот Вилхелм Втори би се претставил како иницијатор на Првата светска војна и би бил виновен за се'. Така можеби би било возможно да се прикаже сопствената чесност и праведност. Врз основа на овие мрачни изгледи, во Лондон и Париз сметаат дека треба повторно да ја задржат старата империјалистичка традиција. Бизарните каприци на Грците понатаму да ги поддржуваат и на македонскиот народ и понатаму да му советуваат и да му држат лекции! Е ова е состојбата во која ние денес се наоѓаме! 


Wednesday, July 11, 2012

Британски документ за Македонија


Документите наречени „House of Commons Papers“ се една од петте главни категории на парламентарни документи во Британија, кои се резултат на работата на Британскиот Дом и неговите Комитети и коишто се неопходни за неговото функционирање.




Во извештајот од парламентарната сесија оддржана меѓу 3 декември 1878 и 15 август 1879 година, број на документ 79, се водело расправа за Турција.

Во прилогот на овие државни документи, под реден број 259 се наоѓа службениот извештај на вршителот на должноста Конзул во Солун господинот Едвард Баркер кој го известува сер АстинХенри Лајард , тогашен британски амбасадор во Истанбул, за состојбата во Македонија.
Од информациите кои ги добил од пристигнатите дезертери, тој наведува дека бројот на востаниците изнесува 15 000 добро вооружени востаници, со пушки од типот Хенри-Мартини, првите британски пушки од 1871 година, кои претходно Русите ги одзеле од Турците.
Понатаму, продолжува со информацијата од епископите, кои дошле во Солун во чест на Патријархот Јован, пред да биде пренесен во Истанбул, во која наведува:
„Тој изјави дека востаниците, кои себеси се нарекуваат “Македонци“, барале голема сума на пари од него за неговите епархјани, и понудиле да дадат (сметко)потврда, велејќи дека парите ќе бидат вратени кога тие ќе си ја повратат сопственоста на својата земја “Македонија“.
Бидејќи сумата била “претерана“, епископот пребегнал ноќта во Серез.

Овој документ претставува уште една важна потврда, за тоа како се декларирале Македонците, во случајов во 19от век, за нивната национална свест и силните стремежи за ослободување на Македонија и создавање на независна суверена држава под името Македонија.
Тоа не е само потврда со која се разбиваат сите комшиски пропаганди, туку и историски доказ кој задолжително треба да влезе во историското образование на секој Македонец.



Претставникот на Руската дипломатска мисија во Дрезден Барон фон Волф


Во Германија -Лајпциг крајот на 19 век изграден Свети Алексиевски храм - (руски)а осветен 1913 година.Претставникот на Руската дипломатска мисија во Дрезден Барон фон Волф апелираше до Министерството за надворешни работи на Саксонија, со следното писмо : (оригиналот е во Градскиот архив во Лајпциг, Кар 42,0 на германски јазик ..)

"Почитуван г-дине министре, руските луѓе кои живеат во Лајпциг, одамна мечтаат да имаат своја црква, каде би ги одржувале своите Богослужби.
Неодамна,на нив им се придружија Бугарите, Србите и Македонците, кои не сакаат да присуствуваат на службите на грчката заедница во Лајпциг.
Во врска со ова, имам чест да се обратам кон Вашата Екселенција, со барање за помош за добивање на дозвола за изградба на храмот во нечиј дом така што свештеникот на Руската Црква во Дрезден во одредени денови би можел да држи Богослужби таму ",

Волф, Дрезден, 12 ноември 1907.


Кралското Министерството за религија и образование, одговор на писмото од баронот фон Волф донесе на 9 јануари 1908.

Одлука да се овозможи изградба на руски храм за организиран црковени живот на Руси, Срби, Бугари и Македонци во Лајпциг. Истата година на Велигден се одржала и првата богослужба на храмот.



Посланник Российской дипломатической миссии в Дрездене барон фон Вольф обратился к министерству иностранных дел Саксонии со следующим письмом: (подлинник в Городском архиве Лейпцига, Кар. 42,0, на нем. яз): "Уважаемый господин министр! Русские люди, живущие в Лейпциге, давно мечтают иметь собственную церковь, в которой можно было бы проводить православные богослужения. В последнее время к ним присоединились болгары, сербы и македонцы, которые больше не желают посещать службы греческой общины Лейпцига. В связи с этим имею честь обратиться к Вашему Превосходительству с просьбой о содействии в получении разрешения создать храм в каком-нибудь доме, с тем, чтобы священник русской церкви в Дрездене в определенные дни мог проводить там богослужения", Вольф, Дрезден, 12 ноября 1907 года". Королевское министерство религии и образования, в ответ на письмо барона фон Вольфа приняло 9 января 1908 года решение разрешить устройство русского домового храма и организацию церковной жизни для русских, сербов, болгар и македонцев Лейпцига. Можно предположить, что на Пасху этого года состоялось первое богослужение, которое совершил настоятель дрезденского храма, о чем было заблаговременно, в марте 1908 года, совершено ходатайство в Полицай-президиум Лейпцига.

http://www.russische-kirche-l.de/russisch/hystory18r.htm

Monday, July 9, 2012

Црква Света Богородица - Трново , Битола

 Црквата Света Богородица е изградена во 1837 година , но истата како и поголемиот дел од селото Трново за време на првата светска војна , поточно на крајот од 1916 година е разурната до темел .Селото по 1919 година повторно се населува , а по добивање на одредени средства во 1926 година се започнува со реконструкција на црквата. Оваа ретка фотографија ги покажува поставувањето на темелите , започнувањето на градбата како и идејното решение на црквата.


Фотографијата е изработена од познатиот М.Манаки.
Благодарност до Црноризец Храбар за отстапувањето на фотографијата.

Saturday, July 7, 2012

Извештај од Боп До Морис Рувие за состојбите во Македонија



Документ на француската дипломатија во Македонија од 1905 г. кој кажува за што се борел Јане Сандански.

Христо Андонов-Пољански (уредник) "Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава", Том 2, Скопје, стр. 484-485

Оригиналниот француски дипломатски извештај:





Saturday, May 12, 2012

ТАМУ В СМИЛЕВО БОРБА НАСТАНА


Таму в Смилево борба настана
Со петстогодишниот тиран;
Со Османливското Царство
За да се одмазди!
Груев, Сугарев, командуваат
Со востаниците смели, храбри:
Ура! Ура! Напред, напред!
И таму Бадев, малдиот јунак,
Ученик од Битола Града
Се пушти кон вековниот тиран,
За да се одмазди.
Ура! Ура! Напред, напред!
Но свиреп куршум го настигна
И во миг наземја го фрли,
И во часот го умртви.
Ура! Ура! Напред, напред!
Но скоро ќе изгрее слободата
Над неговиот млад, бескрстен гроб,
После крвавиот лут бој!
Ура! Ура! Напред, напред!
Нови борци, во нов строј!

Народна песна за почетокот на Илинденското востание во село Смилево и смртта на младиот знаменосец Иван Бадев , борец во четата на Ѓорѓи Сугарев.

Wednesday, May 2, 2012

Прашањето на фонетско-фонолошката кодификација на македонскиот јазик - Влоѓимјеж Пјанка



















Статијата е објавена во книгата „Педесет години на Македонската наука за јазикот„ 

Прилози од Научниот собир одржан од 30 ноември до 2 декември 1995 во Скопје

Издавач Македонска Академија на Науки и Уметности
Скопје 1997 година