Monday, March 19, 2012

Народни песни од егејска Македонија

Оро се веет крај манастиро,
да идиш Дано, моме, да видиш.
На првото оро сe Македонци,
Да идиш Дано, моме, да видиш.
 Првото оро се Македонки,
Да идиш Дано, моме, да видиш.
Калуѓер фрла црната раса, —
Да идиш Дано, моме, да видиш!

Фоте Филипов с. Герман

Помоли се бабо, леле Тино,
ветер да продуне, леле бабо,
реки да промрзнат,
момци да преминат,
момци Македонци.
На лево рамо си носат, бабо,
куси малихери,
На десна страна
На глава си носат, бабо,
сиви могуни,
црни ми калпаци,
на калпаци пише, леле бабо,
Смрт или слобода,
За Македонија,
За Македонија,
земја поробена.

Дине Неделков с. Екшису

Селските чупиња
веливден го чекат.
 Веливден го чекат со радос голема.
Да се променат хубаво,
да излезат в сретсело,
да си играт со јајциња
дечиња и чупиња,
да го чекат гајдаџијата,
да засфири со гајдата,
да се собери селото,
Да се фатат во орото.

Фоте Филипов с. Герман

„Баба не те жени, Кољо,
 за попова ќерка.
„Е мори бабо, стара бабо,
стара неразбрана,
жена имам, стара бабо,
 пушка малихерка.
 Деца имам, стара бабо,
 работа ми вршат, 
работа ми вршат,
 атар не ми кршат,
 фашиски глави кршат."

Александар Неделков с. Статица

Најучи, либе, најучи,
 оти се, либе, свршило. 
Нека ти, либе, честито 
от мене, либе, простено,
 така ми либе писано,
 јас од мерак да загинам,
 по болниците да скитам,
 љути фармаци да пијам.
 Цељо ле град да горе,
 а твојата куќа да плане, 
твојто лице ангелско, 
во мојте раци да падне.

Иљо Неделков с. Екшису

Појду бавчата,
 седна на извора,
 и долго време чека.
 Ма најди лајка ти, 
ма рани две љути рани.
Отиду на доктор, 
доктор не ги лече,
 ми веле, нема лекови. 
Извади си бела риза,
 избриши си црните очи. 
Зел нож и се убодил, 
се убодил у срцето.
 Ах боже мој што кажваш, 
тој што не го сакам јас ич.
 Ајде мојата мајка,.
 нека се радва, 
сега место мајка, 
ќа ми плаче на гроба,
 нека ми цвилјат зверовете.
 Зеде нож и се убоди.

Сева Неделкова с. Екшису

„Млада убавице, 
подобро оди сос мен,
 јас сам твој љубовник, 
името ми е Јордан."
„Ох боже, мили, 
какво е ѕо чудо, 
прост војник да иде,
 капидан да се врати!"
„Прост војник отиду
 капидан се врна."

Сена Неделкова с. Екшису


Песните се собрани и објавени во 1967 година

No comments:

Post a Comment