Friday, March 2, 2012

Новооткриени слики и документ за Петар Драганов

Петар Данилович Драганов е руски славист и филолог.Роден на 1-ви Фебруари 1857 год. во Комрат, тогашна Русија (денес Молдавија).Она што е интересно е тоа што Драганов по националност бил Бугарин од Бесарабија.А она што е најинтересно е што еден човек кој по националност е Бугарин, ќе и зададе историски голем удар на бугарската пропаганда во Македонија.

Драганов завршил историја и филологија на универзитетот во Санкт Петербург.
По покана од Бугарската Егзархија, заради ширење на бугарска пропаганда меѓу учениците Македонци кои учеле во Солун, од 1885-та до 1887-ма работи како професор во Солунската машка гимназија.
Драганов доаѓа во Солун како приврзаник на бугарскиот став за македонскиот како дел од бугарскиот национален идентитет, односно пред да дојде во Македонија мислел дека Македонците се Бугари.
Но после обемните етнографски истражувања кои ќе ги направи во Македонија, Драганов ќе изгради сопствен став за етничкото потекло и културниот идентитет на Македонците.
Според Драганов, Македонија е посебна етнографска целина на Балканот и македонските говори се дел од посебен македонски јазик.
Поради ваквите негови ставови кои биле во директен судир со големобугарската пропаганда на неговите ментори, Бугарите го враќаат Драганов дома.
Откако ќе се врати во родната земја, Петар Данилович Драганов преку бројни написи и предавања ќе ги постави темелите на македонистиката во Русија.


Петар Данилович Драганов како студент во Харков во 1881 година



Петар Данилович Драганов во службената  униформа како директор , снимен во Кишинев околу 1912 - 1914 година

 Петар Данилович Драганов снимен во Комрат на крајот на 1920 или почњтокот на 1921 година

 Насловната страница на првата книга од тритомниот зборник македонски народни песни собрани од  Петар Данилович Драганов во Македонија во 1885 - 1887 година


 Петар Данилович Драганов снимен во Компрат по Првата светска војна


 Петар Данилович Драганов снимен во Комрат една година пред смртта ( 1927 година )


 Петар Данилович Драганов дел од славистичката група на Петербуршкиот универзитет во 1884 година







За проучувањето на современа Македонија во етнографски, статистички и дијалектолошки поглед

(Соопштение на П.Драганов во етн. одд. на Руското императорско геофграфско друштво)

http://www.scribd.com/fullscreen/50745166?access_key=key-165icc5hxlngux0aanu2
Текстот преведен на македонски јазик.
Објавено од Андонов Благочје

No comments:

Post a Comment