Saturday, January 15, 2011

Српската колонизација во Вардарска Македонија 1920 - 1941

Во 1920 година, владата во Белград донесува уредба за колонизација на Вардарска Македонија и Косово. На територијата на денешна Репиблика Македонија паралелно со српската колонизација, се спроведува и аграрна реформа. Од целата обработлива земја која потпаѓа под аграрната реформа, македонските селани добиваат само 35%, додека останатиот поголем дел е доделена на српските колонисти - жандарми, резервни офицери, солунски ветерани, четници и др. Поранешни војводи на Српскиот четнички Покрет во Македонија добиваат како подарок цели села во Тиквешко и Велешко.

Паралелно со конолизацијата, великосрпскиот хегемонистички режим врз македонското население врши физички терор. Теророт во Вардарска Македонија го спроведуваат 8 000 жандарми (од вкупно 12 000 во цела Југославија). Заради тоа што македонското население било доста револуционерно настроено во тој период, теророт бил посебно суров. Според официјални податоци, од 1920 до 1926 од страна на српската власт без никакво судење се убиени над 1 700 Македонци и Албанци. Во тој период низ затворите минуваат над 30 000 Македонци, а по 1927 во затвор остануваат над 8 000 од нив.

Колонизацијата трае се до почетокот на Втората Светска Војна, кога Вардарска Македонија е окупирана од страна на Бугарија и Италија и српските колонисти се депортирани во Србија. Во 1944 година Народна Република Македонија ги прогласува српските колонисти во Македонија за реакционерни елементи и орудие на великосрпскиот шовинизам и го одбива нивното повторно населување во Македонија. За враќање во Македонија им е дозволено само на оние колонисти кои имаат склучено брак со Македонец.





No comments:

Post a Comment