Friday, January 14, 2011

Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна

Вардарска Македонија

1.    Арсовски Панев Владимир – роден 1910 во Неготино. Инженер. Дошол од СССР на 9 декември 1936. Како тенкист загинал кај реката Харама на 2 февруари 1937.
2.    Атков Томов Борис – роден на 6 декември 1904 година во Скопје. Дошол од Франција на 2 септември 1936 година. Бил во диверзантски групи – капетан.
3.    Банџов Наумов Спас – роден во Охрид 1901. Дошол од Белгија во ноември 1936. Поручник. Ранет е и репатриран. Умрел во Охрид на 15 август 1943.
4.    Божиновски Панде – од с. Кривени, Ресенско. Дошол од Канада во 1937. Бил во 11-та бригада – баталјон „Линколн“.
5.    Бојлевски Лазар – роден на 2 јули 1902 во с. Буково, Битолско. Дошол од Франција.
6.    Бочкаровски Михаил – од с. Кривени, Ресенско. Работник. Дошол од САД во 1937 година. Загинал во 1938 кај Вилануева де ла Кањада – Мадрид.
7.    Василев Норман — роден 1912 година во СРМ. Работник. Дошол од Канада на 15 мај 1937 година. Бил во ТАРТ — Словенска група.
8.    Вацко Михаил — роден 1905 година. Дошол од Југославија и загинал на 21 септември 1938 година.
9.    Велевски Живко — роден во с. Болно, Ресенско. Шумар.
10.    Галовски Велев Георги — роден во с. Смилево, Демирхисарско, на 24 септември 1893 година. Во Шпанија дошол од Аргентина.
11.    Ѓорги — Бојаџијата — родум од кичевските села. Дошол од Белгија во јануари 1937 година.
12.    Демниевски Алексо - Бауман — роден 1905 година во Велес. Дошол од СССР на 20 ноември 1936 година. Бил во баталјонот „Ѓуро Ѓаковиќ", бригадата „Георги Димитров" и 129-та интернационална бригада. Во септември 1937 година е унапреден во чин мајор. Во август 1938 е ранет во борбите на Арагонскиот фронт и му е ампутирана ногата. Префрлен е во Париз, откаде во април 1939 година е префрлен во СССР на лечење. Во Југославија се враќа кон крајот на 1944 година. Умира 1961 година во Белград.
13.    Димков Георгиев Димо — роден 1910 година, работник. Дошол од Франција.
14.    Димов Стојанов Ангел — роден на 7 јуни 1914 година во Скопје. Во Шпанија дошол од Франција 1936 година. Загинал на Харама во март 1937 година.
15.    Дојчинов Христов Иван — роден на 11 јануари 1909 година во Гевгелија. Работник. Во Шпанија дошол од Аргентина во октомври 1936 година. Бил во 15-та, 115-та и 129-та бригада и специјални служби. Капетан.
16.    Жапкар Петар — роден 1897 година во с. Марино Село [скопско]. Дошол во октомври 1936 година од СССР. Загинал на Мадридскиот фронт на крајот на ноември 1936 година.
17.    Иванов Кирилов Владимир — роден на 27 февруари 1911 година во Гевгелиско.
18.    Јанков Васо — роден 1911 година во Башаида [село близу Кикинда]. Во Шпанија дошол од Југославија на 1 септември 1937 година. Бил во баталјонот „Димитров". Наредник.
19.    Калев Петар (Милановиќ Станко) — роден 1909 година. Во Шпанија дошол од Југославија во јануари 1937 година. Ранет е на реката Ебро. Подоцна од француските концентрациони логори заминал за СССР.
20.    Калешников Андро — роден во Скопје. Работник. Во Шпанија дошол од Југославија 1936 година. Загинал во движењето на отпорот во Франција.
21.    Костов Гоце — роден 1909 година во Гевгелиско. Во Шпанија дошол од Франција во 1936 година. Бил курир по баталјонот „Димитров" и 129-та бригада. Загинал 1939 година кај Пена сан Марко на Арагон.
22.    Камилов Панов Кирил — роден во јануари 1898 година во Велес. Професор. Во Шпанија дошол од Белгија во јануари 1937 година. Бил во баталјонот „Димитров" и баталјонот „Дуран". Капетан. Во НОБ од 1944 година, умира 1976 година.
23.    Минков Миле (Мише) — роден 1914 година. Дошол од Југославија. Загинал 1938 година.
24.    Митиќ Ристо — шивач од Куманово. Во Шпанија дошол од Белгија.
25.    Митров Слободан (Данко) — роден 1919 година во Ѓурѓевац [Хрватска]. Студент. Живеел во Гевгелија и стигнал во Шпанија на 14 јануари 1937 година. Бил во 11-та и 129-та интернационална бригада. Комесар на баталјон. Убиен.
26.    Мишел Стефан (Мишо) — роден во Куманово. Рудар. Дошол од Франција. Умрел во концентрационен логор во Франција.
27.    Мишковски Орданов Трајко — роден на 5 март 1903 година во Велес. Во Шпанија дошол на 1 октомври 1936 година од Чехословачка. Командант на баталјон. Мајор.
28.    Мицевски Тодоров Димитар — роден 1901 година во Скопје, Чаир. Дошол од Франција на 10 октомври 1936 година. Загинал на 21 јули 1937 година на Брунете близу Мадрид.
29.    Наумов Илија — роден 1897 година во Ресен. Работник. Дошол во Шпанија на 27 јуни 1937 година од Канада.
30.    Николов Гоце (Рибарот) — роден 1899 година во Гевгелиско. Бил во баталјонот „Ѓаковиќ" со Трајко Мишковски.
31.    Пенушлиев Коцев Симо — роден на 28 јануари 1897 година во Штип.
32.    Пандов Пенчо — од Велес или Велешко.
33.    Поповски Тодоров Елисие — роден на 13 јули 1907 година во село Маврово, Гостиварско. Во Шпанија дошол од Југославија на 15 јули 1937 година. Умрел во Скопје на 9 ноември 1972 година.
34.    Поцков Боро — роден на 18 април 1916 година во Струмица. Графички работник. Во Шпанија дошол од Југославија на 1 април 1938 година. Баталјон „Дивизионарио".
35.    Рамиз Варварица — роден во Дебар. Албанец.
36.    Рафаел Хасан — роден 1905 година во Македонија. Во Шпанија дошол од Југославија.
37.    Спировски Георги — роден 1903 година. Дошол од Југославија и загинал.
38.    Стефанов Крстев Алексо — роден 1894 година во Царев Двор, Ресенско. Емигрант од 1920 година прво во Белгија, потоа во Франција од каде во август 1936 година заминува во Шпанија.
39.    Стефанов Милан — роден во Куманово. Рудар. Во Шпанија дошол од Франција. Умрел во концентрационен логор во Франција.
40.    Темелковски Темов Вангел — роден 1896 година во с. Царев Двор, Ресенско. Работник. Емигрант во Канада, а од 1927 година во САД. Од 1933 година е член на Комунистичката партија. Во Шпанија дошол на 26 февруари 1937 година. Бил ранет во текот на војната. Во март 1939 година се вратил во САД, а во 1946 година се вратил во Македонија. Умрел во Скопје на 27 април 1972 година. Капетан.
41.    Тодоров Александар — роден 1908 година во с. Маврово, Гостиварско. Во Шпанија дошол од САД.
42.    Тодоров Димитар — роден 1901 година во Скопје. Учител. Учествувал во Балканските војни и во Првата светска војна. Емигрирал во Бугарија, оттаму во 1925 година оди во Романија, па во Франција, каде работи како рудар. Во Шпанија дошол од Франција на 1 октомври 1936 година. Командир на чета во баталјонот „Ѓуро Ѓаковиќ“. Загинал на 21 јули 1937 година на Брунете — Мадрид — Гвадалахара.
43.    Трајков Михајло — роден во Ресен. Во Шпанија дошол од Франција 1936 година и наскоро загинал во Мадрид.
44.    Трајковски Крстев Борис — роден на 5 јануари 1913 година во Ресен. Службеник. Во Шпанија дошол од Југославија на 26 [24] јуни 1937 година. Бил во ТАРТ — Словенска група. Умрел 1944 година.
45.    Узуновски Николов Цветко — роден на 24 декември 1912 година во с. Царев Двор, Ресенско. Студент. Во Шпанија дошол од Југославија на 18 јуни 1937 година. Бил во ТАРТ — батерија „Коларов".
46.    Урфи Аки Аголи — роден 1903 година во Дебар. Се школувал во Дебар, Битола, Солун и Тирана, а воена академија во Италија. Во октомври 1936 година преку Солун дошол во Шпанија и кај Брунете пред Мадрид загинал во април 1937 година.
47.    Хаџипанзов Иванов Ганчо – роден 1900 во Велес. Во Шпанија дошол од Франција на 1 септември [10 октомври] 1936. Загинал во првите борби пред Мадрид на 18 ноември 1936.

Пиринска Македонија[1]

1.    Алексиев Петар – од Неврокоп. Загинал на 2 мај 1938.
2.    Атанасов Никола – роден 1907 во Пиринска Македонија. Дошол од Канада. Бил во ТАРТ батерија „Коларов“.
3.    Биров Атанасов Димитар – роден 1912 во с. Брезово, Благоевградско.
4.    Николов Андреев Георги — роден на 6 септември 1900 година во с. Белица, Разлошко — Пиринска Македонија.
5.    Парпулов Георгиев Велко — роден во Пиринска Македонија.
6.    Пелтешки Цане — од с. Угрчин [Ловеч, Бугарија].
7.    Рашев Стојан — од Пиринска Македонија. Работник. Во Шпанија дошол од Франција. Загинал 1938 година во одбраната на Мадрид.
8.    Христов Методи — роден во с. Кочериново — Благоевградско, Пиринска Македонија. Загинал како диверзант во Шпанија.

Егејска Македонија

1.    Андреев Иванов Иван — роден 1910 во Серес. Во Шпанија дошол од Канада на 15 мај 1937 година. Кувар во ТАРТ, батерија „Коларов“.
2.    Белетов Иван (Шивач) — роден 1911 во Егејска Македонија. Дошол од Франција на 20 октомври 1937. Бил во баталјонот „Димитров“. Загинал кај Мореља во март 1938.
3.    Божинов Димитар [Божиновски Димитрие] — роден 1906 во Костурско. Дошол од САД. Бил во 11-та бригада – баталјон „Линколн“. Загинал.
4.    Бузев Петрев Трифун — роден на 28 август 1889 во Воден. Емигрирал во САД во 1912 година и станал член на прво на Социјалистичката партија на Америка и на Индустриските работници на светот, а потоа на Комунистичката партија на САД. Во Шпанија дошол на 10 мај 1937. Бил во 15-та бригада. По војната се вратил во САД. Во 1946 година американските власти го депортираа во Југославија. Умрел во Скопје на 23 јуни 1966.
5.    Василевски Никола (Никита) — од Егејска Македонија. Артилерец во ТАРТ — Словенска група.
6.    Георгиев Георги — роден во Кукуш.
7.    Георгиев Јосиф (Жозеф) — од Егејска Македонија. Дошол во Шпанија од Канада.
8.    Георгиев Оскар — од Егејска Македонија. Дошол од Канада. Загинал 1938 година на Арагонскиот фронт.
9.    Георгиев Павле — роден 1903 година во Костурско, Егејска Македонија. Дошол од Канада.
10.    Григоров Христо — роден 1903 година во Костурско, Егејска Македонија. Дошол од Канада. Бил во баталјонот „Линколн".
11.    Димов Вангел — роден 1915 година во Костурско, Егејска Македонија.
12.    Динков Динко — роден 1903 година во с. Горно Броди, Серско.
13.    Заспалов Георгиев Иван — роден 1899 година во с. Брезница, Костурско. Дошол од Канада. Бил во баталјонот „Линколн".
14.    Ивановски Андреев Иван — роден 1906 година во Серес. Работник — готвач. Дошол од Канада на 15 мај 1937 година. Бил во ТАРТ — Словенска група.
15.    Исаков Милан — роден 1911 година во с. Меленци, Егејска Македонија. Во Шпанија дошол од Алжир на 15 јануари 1937 година. Тешко ранет, умрел 1938 година.
16.    К'лев Петар (Туше) — роден 1889 година во Кукуш. Уметник. Дошол од Франција 1936 година. Умрел во Скопје во јули 1963 година.
17.    К'нев Иванов К'нчо — роден на 25 мај 1906 година во Костурско, Егејска Македонија. Дошол од Канада. Бил во артилерија, баталјон „Коларов". Умрел во концентрационен логор во Франција.
18.    Козлов Александар — роден 1911 година, во Егејска Македонија. Во Шпанија дошол од Канада.
19.    Козлов Георги — роден 1909 година, во Егејска Македонија. Дошол од Канада на 25 јуни 1937 година. Бил во артилеријата, словенска група.
20.    Козлов Димитар — роден 1894 година, во Егејска Македонија.
21.    Костов Георги — од Егејска Македонија. Дошол од Канада. Бил во баталјонот „Линколн", 15-та бригада.
22.    Ламбрев Крсто — роден 1895 година во Костурско, Егејска Македонија.
23.    Ликов Тодор (Лидле) — роден 1898 година во Костурско, Егејска Македонија. Дошол од Франција. Исчезнал.
24.    Мајаков Тр. Ламбе [Марковски Трајков Ламбро?] — роден во Костурско, Егејска Македонија. Загинал.
25.    Македонски Стефанов Љубе — роден на 27 септември 1907 година, во Егејска Македонија. Загинал во Шпанија.
26.    Малинов Петар (Пенко) — роден 1914 година во Егејска Македонија. Дошол од Белгија. Загинал.
27.    Марковски Трајков Ламбро — од с. Косинец, Костурско. Живеел во Детроит. Дошол од САД во 1937 година. Загинал во јули 1937 година на Брунете.
28.    Михајлов Тасе — роден 1897 година во с. Пливенци, Егејска Македонија.
29.    Младенов Петар — роден во Егејска Македонија. Дошол од Канада. Бил во 15-та интернационална бригада, баталјон „Линколн".
30.    Насев Васил (Начев, Нацев) — роден 1906 година во Егејска Македонија. Работник. Дошол од Франција. Загинал.
31.    Наумовски Лазаров Тане — роден на 24 февруари 1907 година во с. Долно Котари, Леринско. Морнар. Во Шпанија дошол од Панама на 4 август 1936 година.
32.    Радев Иван — роден 1913 година во Костурско, Егејска Македонија.
33.    Ралев Димитар (Радов Митко) — роден 1913 година во с. Д'мбени, Костурско. Дошол од Канада.
34.    Ристовски Спиров Панде — роден на 27 јули 1906 година во село Нивици, Долна Преспа [Леринско]. Работник. Во Шпанија дошол од Аргентина во март [22 април] 1937 година. Бил во батеријата „Коларов" и во 129-та интернационална бригада. Умрел во Скопје на 21 јануари 1965 година.
35.    Скоплиќ Иван — роден 1888 година во Егејска Македонија. Дошол од Канада и загинал во јуни 1938 година.
36.    Улковски Донев Ване — роден 1904 година во с. Смрдеш, Костурско. Во Шпанија дошол од Канада на 15 мај 1937 година. Загинал на Теруелскиот фронт.
37.    Хаџиев А. Панајот – роден на 23 август 1900 во Д’мбени, Костурско. Работник. Живеел во Гери. Член на Комунистичката партија. Дошол на 19 февруари 1937 од САД. Бил артилерец во словенската група. По поминати 25 месеци во Шпанија, на 10 март 1939 година се враќа во Детроит. Бил еден од организаторите на Македонскиот народен сојуз во Америка. Умрел во 1962 година.
38.    Христов Панде — роден во Егејска Македонија. Артилерец.
39.    Чичанков Христов Глигор — роден во с. Жупаништа, Костурско. Во Шпанија дошол од Канада. Артилерец. Умрел во Чиле.
40.    Шејтанов Александар — роден во Костурско, Егејска Македонија. Умрел во концентрационен логор во Франција.

Непознато место на раѓање

1.    Аристов Глигор – роден 1903 година.
2.    Василевски Наум — роден 1912 година.
3.    Влканов Никола — дошол од Париз — Франција. Стрелан во концентрациониот логор Дахау — Германија.
4.    Димов Тошо (Кондураџијата) — во Шпанија дошол од Белгија.
5.    Исценски Тодор — роден 1909 година. Загинал на 2 мај 1938 година.
6.    Јанков Петар — дошол од Белгија 1936 година.
7.    Јанков Тодор — роден 1901 година. Рудар. Дошол од Франција на 30 јуни 1937 година.
8.    Комитов Јанко — артилерец во тешката артилерија.
9.    Комитов Марко — загинал на 23 мај 1938 година.
10.    Кочмаровски — шумски работник. Во Шпанија дошол 1937 година. Загинал на 14 јули 1938 година кај Пена сан Марко на Арагон.
11.    Ладовски Михаил — работник. Во Шпанија дошол во ноември 1936 година од Франција. Бил во 13-та интернационална бригада. Загинал на Теруелскиот фронт на 31 декември 1936 год.
12.    Марков Јосиф — загинал.
13.    Наумчевски Волче — загинал.
14.    Недев Георги — евидентиран како борец во Шпанските републикански единици.
15.    Николов Петар — роден 1910 година. Во Шпанија дошол од Франција. Загинал.
16.    Павковски Владимир — загинал на 20 март 1936 година кај Каса де Кампо, Мадрид.
17.    Павлов Стојан (Георг) — роден 1899 година. Железничарски работник. Член на Комунистичката партија на САД од 1927 година. Во Шпанија дошол на 7 февруари 1937 година од САД. Загинал.
18.    Паунов [или Паунков] Ганчо — работник, загинал на 17 ноември 1936 година во одбраната на Мадрид.
19.    Рајчев Васил — загинал во Шпанија. Артилерец.
20.    Рели Џим (Јован) — роден 1913 година. Дошол од Канада на 30 мај 1937 година. Бил во 15-та бригада.
21.    Ристо „Шивачот" — во Шпанија дошол од Белгија.
22.    Софронов — во јануари 1938 година бил во баталјонот „Димитров".
23.    Силов Ерих — во Шпанија дошол од Аргентина кон крајот на 1936 година.
24.    Симеонов Борис — во Шпанија дошол од Канада во мај 1937 година. Бил во 129-та бригада.
25.    Симов Александар — роден 1900 година. Во Шпанија дошол од Франција. Загинал 1938 година.
26.    Симон Милош — роден 1892 година. Дошол од Белгија.
27.    Симеонов Глигор — бил во тешката артилерија во словенската група.
28.    Скопјанец Ангел — дошол во јануари 1937 година. Загинал.
29.    Спасовски Трифунов Стефан — роден 1913 година. Борец во баталјонот „Димитров". Загинал 1938 година.
30.    Стојков Емил (Братко) — работник. Дошол од Франција. Борец во 11-та интернационална бригада. Загинал во април 1937 година на Гвадалахара.
31.    Стојчев Г. Лазар — загинал во првите денови по доаѓањето во Шпанија.
32.    Трифунов Стефан (Стојан) — роден 1911 година. Борец во баталјонот „Димитров". Загинал 1938 година.
33.    Чучков Симо — роден 1907 година. Во Шпанија дошол од Франција 1937 година. Борец во II-та чета на баталјонот „Дивизионарио". Стрелан во концентрациониот логор Дахау — Германија, 1942 година.
34.    Шејтанов Ефтимов Константин — роден 1910 година. Загинал во Шпанија.

1 comment:

  1. Перо Коробар, Божо Стефановски (ур.) „Во интернационалните бригади на Шпанија“, „Студентски збор“, Скопје, 1989, 215-220 стр.

    ReplyDelete