Проектот на венецискиот пратеник Павле Мавроцен(Paulus Maurocenus,nobilis Venetus) е од 1461 или 1462 годинаво кој се вели: `..Кога ке биде разбијана противничките сили никој не се сомнева дека цела Бугарија,Србија,Босна,Македонија (MACEDONIAM), Епир,Тесалија,Грција или Атика и Пелопонез веднаш ке се вратат кон верните,дури веднаш кога ќе ги нападниме границите ке се одметнат од непријателот и ке однесат голема победа...Србите и Босанците веднаш ке се одметнат од непријателот со 20000 војници истиот пример ке го следат и Македонците(MACEDONES),Пелопонесците,епирците,грци те ке се втурнат кон непријателот..`
проектот е најден во државниот архив на Милано каде се чува и денес и е на латински јазик.
Во 1541 година Јean Cuspinian во неговата книга "De Turcorum origine" ги повикува европските земји да се здружат против турците да им помогнат на поробените христијански земји.планот му бил да се истоварат во Епир ,Македонија и Албанија и со помош на населението га го победат турчинот.планот не се реализирал но служел како основа за понатамошните акции.
Планот на Simon Wolner Pomeranum од 1558 година до ацвстрискиот цар Фердинант 1.Во овој план вели:`има во Македонија,Србија,Босна,Бугарија и Грција многу христијани кои не само што не ке бидат рамнодушни спрема нашиот потфат,туку и на драга волја ќе го помогнат.Бидејќи на овие луѓе сето оружје им е одземено и строго им се забрзнува да го држат,затоа е потребно во Нинберг,Аузбург,Инсбрук и по другите германски градови дасе изработи разновидно оружје и секаква воена опрема па да им се однесе`
Прва самостојна буна во кој учествувало само македонското население е буната во Мариово во 1564 година.Оваа буна избувнала кога турција била најмоќна,во времето на `Сулејман Величествениот` односно Сулејман Строгиот.Оваа буна е наречена предходниаца на народноослободителните движења на балканскиот народ во целата низа која се јавува во втората половина од шеснаесетиот век.
Прв документ за оваа буна ни дава турскиот професор Ахмет Рефик во 1933 година документите се од фондот Muhimme Defterleri што се чува во Basvekaleti arsivi во Истанбул.
Причини за буната биле непочитувањето на слободата и правата на населението од локалните турски државници.
Буната започнува во селата Сатока,Градешница,Бешиште и Старавина.Овие села биле изолирани не навлегла ни турска колонизација ни исламизација.
Приближен датум е 3 октомври 1564 година водачи биле Димитри Стале од с.Сатока,попот Димитри од с.Градешница,Стојан Пејо и попот Јако од с.Старавина. Се до 4 декември 1565 година овие лица не и се достапни на турскта војска за исходот се претставува дека е крваво задушена затоа што селата Сатоак,Пештје(Бешиште) се изчезнати во тоа време од Мариово.
Италијански проект од 1571 година.
Овој проект го иам во Bibliotheque Ambrosiana во Милано Проектот е упатен до папата Пие V и тоа по битката кај Лапант.Проектот се сосотоел од предлог да му се нареди на светот да собери пари за експедиција против турците за ослободување на христијанското население .Да соберат 100000 војници на копно и 50000 војници за флота плус 100000 Македонци,епирци,Далматинци и Грци кој ке ги вооружат.Планот бил да се истоварат во Епир и Албанија италијанските и шпански војски,австриските преку дунав,србија и бугарија да тргнат за инстанбулдодека жпанската флота од југот на балканот да и зададе последен удар.и да се создаде нова земја " Una stabile et perpetua confederatione sull`essaltatione della Republica Christiana"
" Et anco li predetti cento milia pezzi d`armi surperflue con fermo proposito d`armare con quelle quei populi Epirote,Macedoni,Dalamtini et Greci,li quali si bene son hora setto il Turco,sono pur christiani"
No comments:
Post a Comment