Saturday, January 29, 2011

Македонците во Мемоарите на Francois De Tott, француски барон









Францускиот барон Франсоа де Тот, кој работел во Цариград во 18 век (конкретно од 1768 до 1775 година) како главен изведувач на градбите на важни објекти каде имал ангажирано поголем број работници Македонци.

Превод на страните од англиски на македонски јазик.

154
Мојот прв напор беше да ја расчистам земјата, со цел да ја израмнам и да извадам материјал од неа за ѕидањето на тврдините. Ова можеше да се направи само со употреба на барут заради квалитетот на карпите во кои се состоеше слој од порфир. Собрав заедно и ги ставив во куќички блиску до работилиштето, околу 1500 МАКЕДОНЦИ, кои се Авернантите* на Турција.

Артилериското училиште, леарницата и новите тврдини ме тераа заради нивната оддалеченост едни од други да патувам 6 лиги (1 лига = околу 4.8 километри)секој ден. Големиот Господин нареди Бостанџи-Бачи да ме снабдува со морнари од Сарајот, коишто требаше да се плаќаат вонредно од државната каса, и од тој момент

* Аувернанти - Жители на Ауверн, надалеку познати по нивната вредност, штедливост и посветеност во работата на мануаелните професии--тие се доставувачи, калајџии, оџачари во Париз; Шкотите и Ирците накратко во Лондон што се одлични војници.
-------

155
момент мојот брод беше ставен во арсеналот на фелуката(брз медитерански брод) на Големиот Господин.
Првите напори во новата леарница беа насочени кон конструирање на артилерија зашто таа им недостасуваше на Турците и со која требаше да се користат новите единици. Големиот Везир, во сите негови писма од армијата ги бараше и Големиот Господин ме задолжи да припремам педесет четврт-фунти со нивните кочии да ги придружуваат тристате Сурачи што се дисциплинираа во училиштето. Изработката на кочиите ми ја зголеми работата и затоа работата на замоците се пролонгира со зголемена активност за да се задоволи нетрпеливоста на Големиот Господин кој бараше да се завршат подолните батерии и снабдат со артилерија. Порамнувањето на карпите не снабди со камења, но масата на порфир што ја содржеа им одолеваше и на најдобрите и најостри алатки и ги правеше многу тешки за сечење. Но неуморните напори на МАКЕДОНЦИТЕ ги надминуваа сите потешкотии.
-------

156
Без оглед на барањата на Големиот Господин, јас одредив ден за одмор на работниците и им дозволив да одат секоја недела малку да се пренасочат во соседното село. Тие коишто работеа на замокот на Европа имаа исто дозвола да се забавуваат кај Фанараки*. Дваесет и двајца Македонци, секој со својата пушка на рамениците отидоа таму, се сместија во една меана и заедно пееја песни за победите на АЛЕКСАНДАР. Во меѓувреме, еден поголем едреник, натоварен со ствари за Варна и задоцнет заради спротивните ветришта се укотви заштитено под една карпа пред селото. Деведесет Турски војници кои беа на едреникот се истоварија, кога еден од моите работници ги напуштил своите придружници да земе воздух му пришол на брегот, каде ги нашол Турците, наоружени до заби. Еден од нив, дрзок заради бројот на неговата придружба му пришол на Македонецот и му удрил силна шлаканица на увото.

* Село ситуирано во Европа (Европскиот дел на Истамбул), на делот на р'тот каде почнува устието на каналот, и што е насловено по една ламба што е поставена таму.

157
увото. Бидејќи немал оружје да се одмазди за нападот, и бидејќи слабо го знаел Турскиот јазик, му дал знак на шампионот да почека додека не се врати. Го напуштил и директно се вратил во меаната, без да им рече ниту збор за тоа на своите придружници, ја зал својата мускета(пушка) и без да го приметат се вратил на брегот кајшто сеуште биле Турците; го пронашол својот противник и покажувајќи на образот му направил знак да го повтори ударот. Турчинот имал пиштол во раката и пукнал накај него, близу до градите но го промашил Македонецот којшто веднаш му набил(испукал) се во стомакот, и загинал од пукањето на осумдесетината мускети(пушки) кон него од другите Турци. Галамата го свртела вниманието на останатите дваесет и еден МАКЕДОНЕЦ; коишто виделе дека едниот од нивните придружници недостасува; тие го земале своето оружје, летнале кон брегот, го виделе својот пријател испружен пред Турчинот и без прашања ги нападнале нивните непријатели, по што деветмина (од Турците) загинале на лице место, и ги потерале останатите кон морето во таков наплив, што дел од нив пливале и другите во нивните кајчиња, овие
---------

158
овие луѓе се добрале до својот едреник, го исекле јажето и избегале кон морето. Оваа авантура беше мошне сериозна за мене, за да не ги дознаам сите неопходни информации. Двајца МАКЕДОНЦИ, решиле да ме почекаат, ми раскажаа што се случило; и за да го претекнам она што секако ќе дојдеше до Везирот јас веднаш појдов до куќата на Премиерот, кадешто јас станав тужителот за навредите кон работниците кај тврдините. --Везирот откако ме ислуша, студено рече , "Добро, нека не зборуваме веќе за ова." Не знаејќи дека е тој веќе запознаен со тоа што се случи, јас ова го сметав за незадоволителен одговор кон мојата жалба и инсистирав за надомест на штетата. Министерот којшто беше приморан да се дообјасни ми рече отсечно, "Што сакаш--Зарем девет Мухамедани што лежат мртви на местото не се доволен број жртви да се искупи смртта на еден неверник(христијанин)?" Јас на ова го смекнав тонот, но му нагласив дека е апсолутно потребно со најригорозни мерки и наредби да се обезбеди мирот на работниците--"Тоа е доволно добро."
--------

159
добро." додаде тој, смеејќи се:--"Па ти со твоите 1500 МАКЕДОНЦИ можеш да ја освоиш целата земја:--Твоите сопствени сили за сигурност се подобри од било кои што јас би можел да ти ги дадам." Го знаев ова добро исто како и самиот Везир, и бидејќи мојата единствена цел беше да добијам неказнување на моите луѓе, се повлеков, задоволен од успехот на моите преговори и сосема мирно почитувајќи ги последиците од настанот без оглед на заканите од страна на Јаничарите, за кои ниеден од нив немаше смелост да ги оствари.


 
François Baron de Tott
François Baron de Tott (Hungarian: Báró Tóth Ferenc) (August 17, 1733, Chamigny, France - September 24, 1793, Hungary) was an aristocrat and a French military officer of Hungarian origin. Born on August 17, 1733 in Chamigny, a village in northern France, the descendant of a Hungarian nobleman, who had emigrated to the Ottoman Empire and then moved on to France with the cavalry of Count Miklós Bercsényi, and was later raised to the rank of baron.
As a youngster, François joined the regiment his father was serving in, and in 1754 was promoted to the rank of Lieutenant. In 1755 he travelled to Istanbul, the capital city of the Ottoman Empire, as the secretary of his uncle Charles Gravier, comte de Vergennes, who had been appointed ambassador. His main duty was to learn the Turkish language, to investigate the situation in the Ottoman Empire and to gather information about the Crimean Khanate.
He returned to Paris in 1763, and was sent to Switzerland in 1766 by the French government. In 1767, he was appointed consul in Crimea in order to learn about the country and incite the Crimean Tatars to rebel against the Imperial Russia. François de Tott played a major role during the Russo-Turkish War (1768–1774). Leaving Crimea for a while, he was commissioned by the Ottoman government with the task of defending the Dardanelles against the Russian fleet.
Following in the footprints of Claude Alexandre de Bonneval, known as Humbaracı Ahmed Pasha, François de Tott was involved in the reform efforts for the Ottoman military. He succeeded in having a new foundry built to make howitzers, and was instrumental in the creation of mobile artillery units. He built fortifications on the Bosphorus and started a naval science course that laid the foundation stone for the later naval school.
He travelled across the Ottoman Empire, visiting coastal cities around the Mediterranean Sea, mainly Alexandria, Aleppo, Smyrna, Salonika and Tunis. He also prospected the area for the construction of a canal in Suez.
François Baron de Tott's Memoirs were published in four volumes.[1] He returned to Hungary from Switzerland, where he had moved after the French Revolution. He died on September 24, 1793 in Hungary.

Tott (Baron Ferenc de), Memoires du Baron de Tott Sur les Turcs et les Tartares, Amsterdam, 1784 and 1785, 203 pp., 220 pp., 180 pp. and 152 pp.[2] and Paris 1785 in two Volumes, 273 pp., 264 pp.
Deherain (Henri), La mission du baron de Tott et de Pierre Ruffin auprès du khan de Crimée, Revue de l'histoire des colonies françaises, 1923, 1-32 (French)
Farnaud (Christophe), Culture et politique: la mission secrète du baron de Tott au Levant, mémoire de maîtrise, université de Paris-IV, 1988 (French)
Font-Reaulx (Anne de), Présence française dans l'Empire ottoman au XVIIIe siècle: le baron de Tott (1733-1793), in Position des thèses de l'Ecole des Chartes, 1964, 65-69 (French)
Laulan (Robert), Un artilleur français improvisé à Constantinople au XVIIIe siècle, le baron de Tott, Revue de l'artillerie, 1932, CX, 343-363, 392-411 et 460-481 (French)
Peyssonnel (Claude Charles de), Lettres de M. de Peyssonnel, ancien consul à Smyrne, contenant quelques observations relatives aux mémoires qui ont paru sous le nom de Baron de Tott, Amsterdam, 1785 (French)
Saman (Edouard), François de Tott, diplomate et baron de Louis XVI, Marseille, 118, 1979, 84-95 (French)
Vissière (I.): " Les Turcs du baron de Tott ", in La Méditerranée au XVIIIe siècle, CAER, Université de Provence, 1987, 251-272 (French)

Friday, January 28, 2011

В хилјада и седемстотин шездесет и второ лето

Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето
в Охрида од Цариграда дошел Салаор.
Еј! Дошел Солаор.

Се претставил пред Арсења
наша патрика честнаго
и му рек'л слово горко, слово жалостно.
Еј! Слово жалостно.

Царска волја е да тргнеш
денеска за Цариграда
на тебе од врли Грци, голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Собрал патрик свое стадо
в црква свјатиј Климентова
благослов им дал последен, р'це заплетил.
Еј! Р'це заплетил.

Д'лго време липал старец
в молчење в'сенародно
и по бела брада ронел с'лзи горешти.
Еј! С'лзи горешти.

Слушајте ме мили чеда
јас ќе идам в Цариграда
на мене од врли Грци голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Грцкиј патрик ќе ни строши
славна Охридска Столица
и мене до смрт ќе држи в заточение
Еј! В заточение.

Ќе прати владици Грци
лицем светци срцем в'лци
ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв.
Еј! Ќе молзат до крв.

Меѓу народа ќе сејат 
несогласје и раздори, 
да се мразат син со татка и со брата брат. 
Еј! И со брата брат.

И ќе викнете до Бога 
и крило не ќе најдете, 
смирени ќе наведете глави доземи. 
Еј! Глави до земи.

Ќе ми бидете сираци,
така било написано. 
Елате ми да ве гушна за последен п'т. 
Еј! За последен пат.

Ч'рна т'га поразила 
старо, младо, м'жи, жени, 
Вси со р'це заплетени с'лзи проливат. 
Еј! Солзи поливат.

Тој ги гушка, тие тажни 
му целуват десна р'ка
и од р'ка как' од извор с'лзи се лејат. 
Еј! Солзи се лејат.

Вјахнал Патрик брза коња 
и неволно уп'тил се. 
Тога грмкиј плач народен небо процепил. 
Еј! Небо процепил.

Умилил се чесниј Патрик, 
свалил шапка навезана, 
погледал на сино небо, љуто прок'лнал.
Еј! Љуто проколнал:

„Ох! послушај, милиј Боже! 
Хаир никога да немат 
Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко челеби! 
Еј! Пејко челеби.

Милостивиј Бог послушал 
патричка горешча клетва,
слава нихна, семе нихно погубил со шум. 
Еј! Погубил со шум.

И сега во куќи нихни 
ткае пајак пајачина 
и на пусти стрехи нихни хукат хутове.
Еј! Хукат хутове.

Леонид Јанков


ЈАНКОВ, Леонид (с. Мачуково, Гевгелиско 10.III.1878 г. – Ѓуров Дол, кај с.Ѓавато, Гевгелиско 31.VIII.1905г.) – македонски револуционер,еден од плејадата македонски борци кој пожртвувано го посвети и даде својот живот за македонското национално ослободително дело. Учествувал во многу борби против Турците, во кои покажал беспримерна храброст, физичка сила и голема стрелачка вештина.Со своите јуначки дела, како заштитник на македонското население и нивните имоти, станал еден од најомилените и најпочитуваните народни борци во Гевгелиско. Леонид Јанков уште како релативно млад, влегува во редовите на Организацијата и станува раководител на ревулуционерен комитет во с. Мачуково. По извесно време станал комита и десетар во четата на војводата Аргир Манасиев. Загинува млад во неравноправна борба со турската војска во 1905 година, во близина на селото Ѓавато, кај месноста Ѓуров Дол.
Во втората половина на 19. век, во селото Мачуково одалечено само 4 км од Гевгелија на 10 март 1878 година бил роден Леонид Јанков.Селото Мачуково кое било многу развиено, со сите карактеристики за поголемите населби. како и половина Гевгелија биле дел од чифлик, кој бил во сопственост на жена позната како Анамката, позната по својата суровост. Во првата половина на XIX век, со напуштањето на тимарско-спахискиот систем и појавата на „доброволно“ одземање на земјишните парцели од селаните и заграбување на општинското и државното земјиште од страна на спахиите, се создаваат таканаречени чифлизи, со кои почнале да господарат нови стопани наречени чифлик-сајбии, а македонските селани стануваат чифлигари. Чифлиг-сајбиите можеле да го продаваат или пак да купуваат и да го прошируваат својот имот.
Тешката криза и анархијата која го зафатила турскиот државно-правен, политички и економски систем ја принудува централната турска власт да спроведе реформи со Гилханскиот хатишериф (1839 -1853) и Хатихумајунот (1856 – 1878), со кои се прокламирала полната равноправност пред законите на сите граѓани, без разлика на вера, народност и положба, како и полна сигурност на животот, честа и спечалените имоти на сите поданици. Во пракса овие два документа тешко можеле да се спроведат поради отпорот кои го давале конзервативните преставници на султанската власт. За да се заштитат животот и честа од османлиската бруталност, како и да ги заштитат своите имоти, селаните поставувале оружени чувари, таканаречени падари.
Таткото Трајко и мајка Ката, го школуваат својот син Леонид, кој спознавјќи ја османлиската бруталност, како и под влијание на учителите кои агитирале против турската власт, многу бргу осознал дека само со оружена борба може македонскиот народ да се ослободи од многувековното турско роство. Движејќи се со својот татко, а понекогаш правејќи му и услуги, Леонид уште како млад, се запознал со идеите и целите на Македонската револуционерна организацијата. Набрзо тој се придружува кон Организацијата и станува раководител на селскиот револуционерен комитет во с. Мачуково. Истовремено на почетокот на XX век тој е еден од падарите-заштитници на македонското население и имоти.
Тешката положба на македонското население во османлиското царство, принудува голем број Македонци со пушка во рака да се кренат против безаконието кое владеело. Со формирањето на револуционерните селски чети, а по завршената воена обука, многумина од селото Мачуково се најдоа во четите на Сава Михајлов и Аргир Манасиев. Во овој период столб на Организацијата во селото бил Генчо Лазаров Ортаков, а организациски работи им биле препуштени на Јанковци. Набргу Леонид Јанков, како и многумина од селото Мачуково, се придружува кон револуционерните чети.
Од април 1900 година Христо Чернопеев е самостоен војвода на чета во Кукушко, чија цел е создавање селски комитети и воена обука на населението. Во четата на Чернопеев поминуваат Михаил Герџиков,Сава МихајловКрсто АсеновАлександар КитановПетар КитановМирче ИкономовНикола Дечев и други идни истакнатите дејци на ВМОРО. На 4 февруари 1901 година четата на Чернопеев е опколена во селото Бајалци од 500 турски војници и води голема 14-часовна борбам во која загинува и Мицо Делчев (братот на Гоце Делчев). Додека народот се гордеел со храброста која ја покажале нејзините синови, дотогаш османлиите биле изненадени од отпорот на востаниците.
После битката турската власт презела големи репресивни мерки. Поткажани од лица алчни за пари и непријателите на македонскиот народ, биле затворени многу селани, а меѓу нив бил и Леонид Јанков. Околу 2000 лица биле затворени и изложени на најсурово испрашување, малтретирање и тепање. Од нив 444 лица биле осудени на робија од една до сто години. Бидејќи иследните органи не можеле да докажат некоја револуционерна активност, повеќето биле пуштени по шест месеци, а меѓу нив и Леонид Јанков.
Откако Леонид бил пуштен од затвор, знаеќи дека работи за организацијата, бил постојано следен од турската власт. Дознавајќи преку својот турски пријател Емишин, кој го издава во уќуматот, Леонид ќе го ликвидира шпионот Ристо Дојчинов, и ќе се приклучи на четата на Аргир Манасиев. Бил одреден за десетар а во 1902. година за околиски војвода во Гевгелија. Оваа чета ги заштитувала македонското население, се борела против грчката пропаганда, ликвидирала нејзини претставници, а потоа се борела и против бугарскиот врховизам и пропаганда.
За време на Илинденското востание во 1903. Година, Леонид учествувал во изведувањето на повеќе диверзантски акции против турската војска. По неуспешното завршување на Илинденското востание, во октомври 1903. година и по престанувањето на борбените активности, Леонид со четата на А. Манасиев се префрлил во Бугарија.
Леонид заедно со Томе Донев и Миле Таушанов, се враќа во 1904 година во гевгелискиот крај, каде на подрачјето на Богданци развиваат голема активност. Неговата активност внимателно ја следи турската власт. Откако дешифрирале едно писмо кое било упатено од градското раководство до Леонид, турската војска го опколила просторот околу селото Ѓавато. Леонид со своите востаници бил засолнат во големите капини во месноста Ѓуров Дол. Се развила нерамноправна битка, во која Леонид со итрина успеал да убие многу непријатели но кога му останале само уште два куршума, со едниот го убил јусбашијата а со последниот сам се убил, не дозволувајќи жив да падне во рацете на Турците.

Тој ден сите камбани во градот биеле и целиот град татнел од нивниот звук. Повеќе од 3000 души од градот и околните села биле собрани на неговиот закоп, кој се извршил во дворот на гробиштата на црквата Свети Спас, во северната страна.
За јуначки дела Леонид Јанков, за неговата бестрашност и итрина, народот во гевгелиско испеал повеќе песни од која најпознатата е „Трба, Трби Гевгелија“.
"Трба трби Гевгелија“

Трба трби Гевгелија
сите Турци надавија
од јунака Леонида.

Цар испратил до три војски
до три војски се ти разби.
Прва војска Гевгелиска
втора војска е Дојранска
трета војска е Струмичка,
ќе го барат Леонида,
Леонида баш комита.

Го бараја во Богданско
го најдоја во Ѓавочко
во Ѓавочко во Ѓурѓов дол,
јунак лежи в постилата,
срце му е динамита
враце држи револвера
бој започна од сабајле
од сабајле дур до вечер,
триста души убиени,
а ранети не броени.

Проговара Јуз-башија
еј јунаку Леонида
предај ми се ти на мене
да те видам кај Султанот
тој да види каков јунак
ќе ти даде многу пари.

Одговара Леонида,
слушај мене Јуз-башијо
елај ваму понаваму
да ти кажам два три збора
два три збора Македонски.
Голем страм е за комита
жив да падне в турски раце
таква правда турска правда
три илјади на три мина
останаја два патрона
еден за теб втори за мен.

Си извади револвера
па го стрела Јуз-башија
и на крајот сам се убил.
Живот даде Леонида
за Македонија мила.

АЛЕКСАНДАР КАРАЃУЛЕ ОХРИДСКИ

Главниот јунак од најпознатата македонска патриотска песна Послушајте патриоти Александар Караѓуле Охридски не бил мачен и убиен од Турците, туку од Бугарите и тоа во софискиот затвор во 1892 година! 

*Поради ѕверските мачења во софискиот затвор овој македонски патриот и музичар самиот си ја испеал песната Послушајте патриоти. 

Во овој напис сакам да направам краток осврт кон потеклото на една од најпознатите македонски народни патриотски песни, песната Послушајте патриоти (снимена досега во повеќе варијанти од разни интерпретатори и групи). Најнапред да се потсетиме на една од проширените варијанти на оваа прекрасна песна: 
Послушајте патриоти, 
да Ви кажам словото. 
На Ѓурѓовден бев затворен, 
в црни, темни зандани. 
Во зандани бев предаден 
од проклети шпиони. 
Од проклетите шпиони 
и неразбрани трговци. 
Во зандани бев измачен, 
ниту вода, ниту леб, 
а телото покриено 
с бела риза до земја. 
Немојте да ме мачите. 
Јас сум невин како цвет. 
Зло никому не сум сторил. 
Свидетел е овој свет. 
Сум се борел за слобода, 
за човечки правдини. 
Ах, да знае мојта мајка, 
гробот да ми ископа. 
Гробот да ми го ископа 
спрема јасното сонце. 
И на гробот да напише: 
Тук почива маченик. 
Тук почива Александро 
Караѓуле Охридски. 
На гробот ми поставите 
божур алови цвеќа, 
за момите да се китат, 
во блажени времиња. 

Верувам дека поголемиот број недоволно упатени луѓе, кои ја знаат оваа песна, претпоставуваат дека во неа е опеано страдањето на македонските патриоти во турските затвори. Меѓутоа, вистината е сосема поинаква. Малку е познато дека оваа песна (во која, конкретно, се опеани ѕверските мачења и смртта на македонскиот патриот и деец, охриѓанецот Александар Караѓуле Охридски) е посветена на неговото темничење токму во бугарските затвори, каде и бил ликвидиран, во далечната 1892 година. 

Ѕверските мачења во софискиот затвор 

Имено, Александар Караѓуле Охридски е еден од позначајните македонски национални дејци од крајот на 19. век, кои дејствувале главно во Софија и кои се залагале за македонска национална засебност, продолжувајќи го на тој начин отпорот на Македонците против Бугарската егзархија и тивкото побугарчување, што особено се засилило по востановувањето на оваа Црква во Македонија, кога на сите Македонци кои посакале таму да ги задоволуваат своите верски потреби, им биле давани документи дека тие се Бугари и врз нив била вршена перфидна духовна и културна пресија (преку просветата и сл.), со цел истите да го прифатат бугаризмот. Се разбира дека оваа нова пропаганда наишла на отпор од страна на Македонците, а еден од нив бил и охриѓанецот Александар Караѓуле. Секако дека на потполно ист начин (преку своите цркви) работеле и великосрпската и великогрчката пропаганда во Македонија. 

Инаку, Александар Караѓуле Охридски извесно време (1885 година) работел како одговорен редактор на весникот Македонски глас (и тоа почнувајќи од бројот 5. па до неговото укинување). Во последниот број од овој весник објавен е повик до сите Македонци во Бугарија со оружје да влезат во Турција и да се борат за ослободување на Македонија. Интересно е дека оригиналните примероци од овој весник (кој дејствувал на чиста македонска национална основа) денес се кријат во Бугарија и истите се недостапни за пошироката (дури и научна) јавност. Александар Караѓуле бил главен организатор и на Македонското читалиште во Софија (околу 1889 година). 

Под изговор дека е учесник во дејства против тогашната бугарска влада на Стамболов, Александар Караѓуле Охридски, е уапсен заедно со други Македонци (но и бугарски опозиционери) и истиот, на 08.07.1892, од страна на Софискиот суд е осуден на смрт. По тешките измачувања, овој смел Македонец е обесен истата година во Софија. 

За ѕверствата на кои биле изложени овие дејци во бугарските затвори, подоцна пишувал и тогашниот бугарски весник Согласие, кој во својот број од 15.06.1894 година, известил дека затворениците (меѓу кои и Александар Караѓуле), во Софија биле (цитирам): ... затворени во гнасни затвори, каде трпеле со денови, недели и месеци ужасни мачења. Најмногу биле тепани со песочни торби, коишто, без да остават видливи знаци, создаваат тешки внатрешни повреди... 
Во зандани бев измачен 
од проклети шпиони. 
Од проклетите шпиони, 
и неразбрани трговци...


Неколку варијанти на песната


ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ
верзијата на ансамблот Билјана

Послушајте ме другари, да ви кажам словото
- на Ѓурѓовден бев затворен, в црни, темни зандани,
на Ѓурѓовден бев затворен, в црни, темни зандани.

Во зандани бев измачен, ниту лебец нит' вода,
а телото покриено - в бела риза до земја,
а телото покриено - в бела риза до земја.

Немојте да ме мачите, јас сум невин како цвет,
зло никому не сум сторил, свидетел е овај свет,
зло никому не сум сторил, свидетел е овај свет.

Ах, да знает мојта мајка, гробот да ми ископат,
и на гробот да напишит "Овде лежит маченик",
и на гробот да напишит "Овде лежит маченик".

"Маченик е тој за правда, за човечки правдини,
а тој беше Александар Караѓуле Охридски,
а тој беше Александар Караѓуле Охридски".

На гробот ми посадите, божур алени цвеќа,
за момине да се китат во блажени времина,
за момине да се китат во блажени времина. 





ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ 



Послушајте патриоти
да ви кажам словото,
на Ѓуѓовден бев затворен, ----
вцрни темни зандани. 
Во зандани бев предаден
од проклети шпиони
од проклети шпиони ---
неразбрани трговци. 
Во зандани бев измачен
ниту вода ниту леб,
телото ми потемнело,
долга риза до земја.
Ах немојте да ме мачејте,
јас сум невин како цвет
сум се борел за слобода ---
за човечки правдини. 
Ах да знае мојта мајка
гробот да ми ископа
гробот да ми го ископа
спрема јасното сонце.
И на гробот да напише,
тук почива маченик,
тук почива Александров,
Караѓуле Охридски.